Marija Marija Marija

🍓 Вафли со јагоди и киноа 🍓

вафли со јагоди и киноа - Хедер

Вафли со јагоди и киноа, затоа што ако не се палачинки, тогаш се вафли! Шала на страна, откако го купив тостерот за мали вафли, мислам дека вафли правам еднаш неделно. И секој пат е нов експеримент од вкусови, секој пат различни, но секој пат многу брзи, лесни и вкусни! Овој пат, решив да ги објавам овие вафли од јагоди и киноа затоа што се подогни за целото семејство (вклучително, нормално, и бебе)!

Јас ги направив со вкупно 8 состојки и ми излегоа навистина многу вкусни. Крцкави од надвор а меки и сочни од внатре! Плус, богати со многу диететски влакна, витамини и растителни протеини!

Одлични се за пролетниот период со свежи јагоди, но, можете да ги направите и со замрзнати (секако претходно одмрзнете ги). За да ги направите овие вафли со јагоди и киноа, потребен ви е само блендер и тостер. И желба нормално!

вафли со јагоди и киноа

Зошто да ги направите овие вафли со јагоди и киноа?

Затоа што киноата е суперхрана што треба често да ја вклучувате во вашата исхрана. За киноата имам пишувано многу во моите рецепти, но ако ви треба повеќе инфо, еве неколку рецепти што ќе ви ги издвојам:
1️⃣ солена гранола,
2️⃣ воздушести палачинки од киноа,
3️⃣ барови од амарант и киноа,
4️⃣ колаче од киноа и овес,
5️⃣ полнети пиперки со киноа,
6️⃣ киноа пица,
7️⃣ печена киноа,
8️⃣ палачинки од киноа,
9️⃣ тортиљи од киноа,
1️⃣0️⃣ гранола со киноа,
1️⃣1️⃣ чоколадна киноа торта,
1️⃣2️⃣ „месо“ од киноа и леќа

вафли со јагоди и киноа

Плус, јас сум ептен голем љубител на јагоди и се што има јагоди, за мене е 😍😋 Така што ова се две супер причини. Плус, се прават многу брзо и лесно (само би блендер) и се baby-friendly! И тоа е тоа. Целиот рецепт е подолу, а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

Доколку си љубител на вафли, еве едни многу вкусни, брзи, лесни и суперздрави вафли од јагоди и киноа. Те охрабрувам да ги направиш и пробаш бидејќи буквално нема причина да не ги направиш (освен доколку си алергинеч на јагоди). И секако, доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍓 Вафли со јагоди и киноа 🍓

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење10 minutes
Вкупно време15 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • ½ шоља Јагоди
  • ½ Банана
  • ¼ шоља Киноа (претходно сварена)
  • 1 Ленено „јајце“
  • ¾ шоља Овесни снегулки
  • ½ к.л. Прашок за печиво
  • ¼ к.л. Сода бикарбона
  • ½ + ⅛ шоља Млеко од овес

Инструкции

  • Доколку немате сварена киноа, прво сварете си.
  • Потоа, ставете ги сите состојки во блендер и блендајте додека да добиете еднолична смеса.
  • Печете на загреан тостер за вафли со малку кокосово масло, по 3-4 минути, зависно од тостерот.
  • Послужете со свежо овошје и протеински пудинг (како мене)

Вкупно парчиња: 7 вафли
(препорачана порција: 3 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 245,1 kcal
Протеини: 6,95 гр.
Јаглехидрати: 34,4 гр.
Масти: 6,65 гр.
Влакна:
6,9 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .