Marija Marija Marija

🍰 Чоколадна Киноа Торта “Rudolph’s Cake” 🍰

чоколадна киноа торта - Хедер

Оваа чоколадна киноа торта излезе сосем случајно, размислувајќи како би можела да направам уште поздрава чоколадна торта. Го носи името “Rudolph’s Cake”, бидејќи тоа го дадовте вие на наградувањето што го имав на мојот инстаграм профил.

И совршено и прилега. Оваа торта/колаче има длабок чоколаден вкус, мека е и сочна а можете да си играте со филување, полнење или декорации.

Се прави лесно, потребен ви е само процесор за храна и е супер здрава, поради тоа што главната состојка е киноата. Природно е засладена со урми и богата со антиоксиданси од какаото и растителни влакна и омега 3 од лененото семе.

Епа кога една торта е здрава, тогаш дефинитивно треба да се проба, нели? Не се двоумете, сварете си киноа и направете си ја оваа чоколадна киноа торта уште денес.

Чоколадна Киноа Торта
Чоколадна Киноа Торта

Зошто чоколадна киноа торта?

А зошто да не? Доколку ви се јаде нешто благо, а сепак не сакате да изедете еден тон процесиран шеќер, плус сакате да внесете добри состојки за коишто вашето тело ќе ви биде благодарно. Епа, оваа чоколадна киноа торта ги задоволува сите овие параметри.

Плус, можете да да ја декорирате како сакате и многу лесно ќе ја трансвормирате во роденденска, новогодишна, пролетна, есенска…

Можете да ја јадете за појадок, ужина или десерт со многу свежо овошје и путер од јатки или крем од индиски ореви.

Како и да ја послужите, се надевам дека ќе уживате!

А доколку ви се допадне, слободно разгледајте ги и другите рецепти од киноа кај мене на сајт

Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка го имате во рецептот подолу, а едно кратко видео имате и кај мене во reels на инастаграм.

Доколку си љубител на чоколадни колачиња, оваа чоколадна киноа торта е дифинитивно создадена за тебе! Те охрабрувам да ја направиш и пробаш најбрзо што можеш, и доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍰 Чоколадна Киноа Торта 🍰

Време на подготовка30 minutes
Време на готвење30 minutes
Вкупно време1 hour
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна

Состојки

Торта

  • 2 ½ шољи сварена Киноа
  • 15 урми накиснети во врела вода 10 мин.
  • шоља Кокосово масло
  • 2 Ленени „јајца“ 2 с.л. мелено ленено семе, накиснато во 5 с.л. топла вода – отстоени 10тина мин.
  • 2 с.л. Ванила екстракт
  • ½ шоља Какао
  • ½ шоља Тапиока брашно или Густин
  • 1 к.л. Сол
  • 1 к.л. Сода бикарбона
  • 1 к.л. Прашок за печиво

Декорација (опционално)

  • 100 гр. Бело чоколадо кокосово
  • 50 гр. Калинка семки

Инструкции

  • Најпрво загрејте ја рерната на 170 степени.
  • Во процесор за храна ставете ја сварената киноа и урмите и блендајте додека да добиете еднолична смеса.
  • Додадете ги останатите состојки и блендајте додека да се соединат во хомогено тесто.
  • Истурете го тестото во тавче или калап за печење и печете во загреана рерна 30тина минути.
  • Оставете ја тортата да се олади пред да ја декорирате или послужите.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција: (**без декорација, само колаче)
Калории: kcal.
Протеини: гр.
Јаглехидрати: гр.
Масти: гр.
Влакна: гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .