Marija Marija Marija

МОЈАТА ПРИКАЗНА

22

Дали сте постојано преокупирани со тоа како изгледа вашето тело? Дали сè што правите се сведува на тоа како вашето тело изгледа? Да, тоа е една од негативните страни на модерното општество. И верувајте ми, сум била во истата ситуација и можам да потврдам колку е стресна.

Како и повеќето млади луѓе, така и јас имам посветено добар дел од животот на губење тежина. Низ годините имам пробано многу различни диети, за конечно да престанам да гледам, барам и слушам штобило поврзано со зборот „диета“ - едноставно поради тоа што конечно научив дека диетите не функционираат!

Она што вистински функционира е долготраен здрав начин на живот, којшто вклучува, но не е ограничен на, балансирани здрави оброци, внимателно и свесно јадење, редовна физичка активност, сон, медитација, грижа за себе и најважно од се: трпение, посветеност, упорност, одлучност, конзистентност и ВРЕМЕ. Не заборавајте да си дадете време. Како за почеток, потребни се 9 месеци за да дојдете на свет и тоа никако не смеете да го превидите. (Речиси) ниту еден успех не доаѓа преку ноќ. Потребно е напорна работа и многу, многу време.

Па така, уште пред да имам диeтетско и нутриционистичко предзнаење, сосем на своја волја и со сопствено знаење го започнав моето лично „себе-подобрувачко“ патување, (мојот „100- дневен предизвик“). Всушност, требаше да се опоравам од скршеница на колено (две фрактури на патела), да изгубам многу килограми (што се насобраа поради карантинот и двомесечно лежење со цела нога во гипс), да се вратам во физичка форма, да го подобрам квалитетот на сонот, менталното и целокупното здравје.

Иако сè ова можеби звучи едноставно, за мене, беше вистински ролеркостер!

Истата година, го изгубив мојот дедо којшто многу го сакав (и повеќе немам живи баби и дедовци) ➡ ја извежбав целата болка, плачејќи. Потоа, само неколку месеци подоцна, ја изгубив и работата, а со тоа пропаднаа и неколку дооолго очекувани патувања ➡ ја извежбав анксиозноста и нервозата. Но, ниту овие случувања, ниту глобалната пандемија (што трае повеќе од 2 години) не ме спречија да ги постигнам моите цели.

Денот кога си кажав себе си АКО НЕ СЕГА, КОГА, целта ми беше да почнам да јадам чиста, целосна, растителна (веганска) храна, да не пијам алкохол, да не консумирам процесирана храна, рафинирани шеќери, едноставно ништо вештачко. Го зголемив прозорецот на моето „повремено постење“  на 20:4, почнав со 30 минутно вежбање секој ден и водев евиденција со мерки на телото (слики и обем). Почнав да запишувам (и се уште водам евиденција) се што јадам и колку калории внесувам, што вежбам и колку калории трошам.

Јас сум човек што отсекогаш се сакал себе си, но морам да бидам искрена дека не сум горда со сликите од почетокот. Но, дефинитивно сум среќна и горда со сликите од крајот.

Со мојата едноставна холистичка филизофија, изгубив 26 килограми за само 8 месеци, без притоа да го нарушам сопственото здравје и без да си направам никакви нарушувања во поглед на храната. Напротив! Имам одлични резултати и крвна слика, спијам по 8 часа, медиритам на дневно ниво, смирена сум, полна со енергија, вежбам секој ден по 2 часа и создавам многу здрави и колоритни растителни оброци.

Така што, да, малите чекорчиња сепак не движат напред!

Сега сум Сертифициран Холистички Нутриционист и она што сега го знам и што сакам да ве научам и вас е дека не постои такво нешто како “брза диета”, или “скратен пат”, или пак некоја “тајна магична компонента”. Храната е само еден од многуте фактори коишто придонесуваат во целокупното здравје и благосостојба. Со комбинирање на целосна, здрава храна, внимателно и свесно јадење, редовно вежбање, и најважно, дисциплина и конзистентност се доаѓа до најдобрите и најздравите резултати. А впрочем нели е тоа најголемиот предизвик? Да останеме здрави и да живееме долг и среќен живот?

Во моментов јас сум најдобрата верзија од себе и секојдневно ги поместувам сопствените граници да бидам уште подобра. Не се споредувам со никој друг, туку со себе си од вчера - и ова е нешто на што сакам да ви обрнам посебно внимание. Имам 37 години и не бев физички активна повеќе од 8 години. Од тогаш, имав скршено стопало, скршено колено и операција на мал мозок. Чисто да знаете. Секој еден од нас е посебен, уникатен и не постои никој сличен на вас. Но, современите научни истражувања покажуваат дека растителната храна има придобивки коишто влијаат на организмот во целост и позитивно влијаат на сите, доколку се соодветно избалансирани.

Јас сум човек што отсекогаш се сакал себе си, но морам да бидам искрена дека не сум горда со сликите од почетокот. Но, дефинитивно сум среќна и горда со сликите од крајот.

Со мојата едноставна холистичка филизофија, изгубив 26 килограми за само 8 месеци, без притоа да го нарушам сопственото здравје и без да си направам никакви нарушувања во поглед на храната. Напротив! Имам одлични резултати и крвна слика, спијам по 8 часа, медиритам на дневно ниво, смирена сум, полна со енергија, вежбам секој ден по 2 часа и создавам многу здрави и колоритни растителни оброци.

Така што, да, малите чекорчиња сепак не движат напред!

Мојата филозофија и Моите вредности

Мојата филозофија е „И малите чекори не движат напред.“ Секој минимален прогрес, сепак е успех. Не се откажувајте од целите, идеалите и соништата. Сонувајте, трудете се и напорно работете. А, резултатите ќе дојдат.

Моите вредности се јасни - консумирање на здрава, растителна храна и одржување на баланс со природата за одржување на добро здравје! Сметам дека заедно, можеме да спречиме многу хронични заболувања, да го избалансираме телото, да дојдеме до добро здравје, и на крајот, и до посакуваните резултати.

Индивидуални

Секој од нас е различен и психички и физички. Различни се, и различно работат и нашите тела. Но, едно е исто за сите – храната. Храната е гориво, коешто и помага на „машината“ каква што е телото да работи, да создава и троши енергија и да не одржува во живот.

Научно-базирани

Секоја консултација, секоја информација што ја споделувам со вас е научно базирана, поддржана со објавени научни истражувања, студии и практики. А доколку нешто сметате дека не е така, слободно можете да ја проверите веродостојноста. Јас се водам по премисата „здравјето пред сè“.

Инклузивни

Сакам програмата, оброците и храната што ќе ја консумирате вие, да може да ја консумира и целото ваше семејство, пријателите или луѓето со кои сте во секојдневен контакт. Ова е особено важно за родители! Идејата ми е оброците коишто се содржат во програмата, во голема мера да се брзи и лесни за подготовка и соодветни и за деца со што сакам да направам целокупна инклузивност и колективен пресврт кон здрава исхрана.

Охрабрувачки

Затоа што покажуваат резултати. А резултатите се разновидни: подобро варење на храната, забрзан метаболизам, редовна столица, чиста кожа, повеќе енергија, подобрено ниво на шеќер во крвта, подобрено железо, регулирање на тежината. Штом ќе ги забележите првите резултати, ќе се охрабрите да продолжите и да не се откажате!

Не сте сигурни дали ви требаат консултации за подобра и поздрава исхрана?

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА БРЕНД ПАРТНЕРСТВО? КЛИКНЕТЕ ОВДЕ