Marija Marija Marija

🫔 Палачинки од Киноа 🫔

палачинки киноа - Хедер

Нека не ве буни фактот што веќе имам палачинки од киноа – овие се поинакви, тенки, француски (или crêpes). Плус, имаат помалку состојки а се подеднакво вкусни.

Веќе знаеме дека киноата се смета за супер храна, поради нејзините бенефити (маѓу кои и целосен извор на протеин, бидејќи ги обезбедува сите девет есенцијални амино киселини). Исто така, веќе знаеме дека сите палачинки од киноа се автоматски супер-палачинки, нели? Дел од бенефитите на киноата можете да ги прочитате во некои од моите претходни објави. Воедно и можете да се инспирирате што друго можете да направите од киноа. Некои од моите најчесто правени рецепти се:
🍕Пица,
🫑 Полнети пиперки,
🫐 Колаче со боровница

Знам дека многумина од вас не го сакаат вкусот на киноата – но пробајте некои од моите рецепти – нема да погрешите (плус организмот ќе ви биде благодарен).

палачинки од киноа
палачинки од киноа

Но да се вратиме на овие палачинки од киноа

Ова не можам да го повторам доволно пати – најважно од се за да ги направите е – нелепливо тавче и некаков блендер.

Киноата, како и за повеќето рецепти, прво ја киснете (најдобро преку ноќ) па ја плакнете и ја блендате заедно со другите состојки. Јас користев цимет, ванила и јаворов сируп, но можете да употребите и други состојки по вкус.

Внатре ги наполнив со мојот чоколаден сос (во малку погуста варијанта) и свежи малини а ги послужив со јогурт од бадем и уште малку свежи малини.

И тоа е тоа, целиот рецепт и начинот на подготовка ги имате подолу во рецептот, а имате и видео кај мене во reels на инстаграм.

Доколку не сте особен љубител на киноа, сепак ве охрабрувам да ги пробате овие палачинки од киноа. Вкусот на киноата не доминира, меки се и сочни и пред се - МНОГУ ЗДРАВИ! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🫔 Палачинки од Киноа 🫔

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење10 minutes
Вкупно време15 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • нелепливо тавче за палачинки
  • блендер

Состојки

  • ½ шоља Киноа накиснета во вода преку ноќ, исплакната
  • шоља Растително млеко можете да ставите и цела шоља за да бидат поретки и да добиете повеќе
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба
  • 1 с.л. Екстракт ванила
  • 2 к.л. Цимет

Инструкции

  • Ставете ја киноата да се кисне во вода преку ноќ. Следниот ден убаво исплакнете ја.
  • Ставете ја во блендер заедно со останатите состојки додека да добиете еднолична смеса (со густина како за француски палачинки)
  • Печете на нелепливо тавче по 2-3 минути од секоја страна.
  • Послужете со додатоци по ваша желба и вкус.

Вкупно парчиња: 3 палачинки
(препорачана порција: 2 палачинки)
Нутритивни вредности од порција: (**без додатоци, само палачинки)
Калории: 498,8 kcal.
Протеини: 19,6 гр.
Јаглехидрати: 18,6 гр.
Масти: 14,33 гр.
Влакна: 5,5 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .