Јас сум Марија!

Овде сум за да ви помогнам свесно да ги трансформирате вашите навики на јадење во здрав и одржлив животен стил 🌱

МОЈАТА ПРИКАЗНА


Мојата лична трансформација ја започнав како не-диететичар, со многу страст, ентузијазам, мотивација, посветеност, одлучност и конзистентност.

Сега сум сертифициран Холистички Нутриционист, и ќе се посветам кон помагање на луѓето да пронајдат мир и среќа во јадењето растителна храна, здрави и хранливи оброци - без рестрикции и гладување и без страв.

Знаете ли дека...

Современата западна исхрана...

е број 1 причинител за глобалното зголемување на стапката на срцеви заболувања, мозочни удари, дијабетес, Алцхајмер и обезност (дебелина)?

Процесираната храна...

како рафинираните јаглехидрати, пакуваните ужинки, брзата храна и продуктите со долг век на полица, ги зголемуваат стапките на хронични заболувања?

Здрава vs. нездрава храна...

помалку се однесува на растителна храна наспроти храна од животинско потекло, туку на целосна храна наспроти сè останато?

Честиот„детокс“ и држење диети...

Се поврзуваат со ниска самодоверба, презир кон телото, депресија, зголемен апетит и прекумерно јадење?

Варирањето во тежина...

Најчесто се поврзува со тип 2 дијабетес, висок крвен притисок, намалување на јачината на коските и зголемен ризик од рак?

„Јо-Јо“ диетичари...

"заглавени” во оваа бескрајно лоша рутина, имаат долготрајна борба со нивната тежина и поголем ризик од обезност (дебелина)?

Запрете ја борбата против вашето тело и научете да го сакате, цените и да му верувате!

🍒 Без „диети“ и гладување
🍌 Без осуда кон себеси поради нешто што сте изеле
🍉 Без политика на „добра / лоша“ храна
🥦 Без рестрикции и страв од храна
🥕 Откријте го задоволството во јадење на растителни, нутритивни оброци
🥑 Уживајте го животот без товарот на современата „диет култура“

Вашите искуства
Може да ви се допадне

Најнови совети

Најнови рецепти

Дневна Исхрана & Инспирација

Cледете ме на инстаграм @marijamarijamarija
И секако доколку направите некој од моите рецепти, не заборавајте и да ме тагнете 🌸

Incorrect access token specified.

Калкулатор
на калории

Пресметај го потребниот дневен калориски внес во зависност од твојот пол, висина, тежина и физичка активност.

Врз основа на резултатот, ќе можеш да знаеш во какви рамки е идеално да се храниш.

Eating problems

GOOD FOOD VIBES & МЕСЕЧНИ СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ

Приклучете се на мојата заедница & добивајте #goodfoodvibes, позитивни пораки, инспирација, мотивација, здравствени насоки и помош, како и здрави, нутритивни и вкусни идеи за оброци – директно во вашето сандаче. Без грижа, ќе дадам сè од себе моите мејлови да не се како сите оние „junk dieting“ мејлови. Ќе се потрудам да ве одржам позитивни & здрави!

Made with ♥️
© 2022 МаријаМаријаМарија.
All rights are reserved.