УНИКАТЕН ХОЛИСТИЧКИ ПРИСТАП & ФИЛОЗОФИЈА
Секој еден од нас е прекрасна и уникатна личност и заслужува уникатно внимание. Токму затоа сакам да му пристапам на секој клиент индивидуално, и со помош на темелен прашалник да создадам специфично изработен план на исхрана којшто секој ќе може да го следи понатаму во животот
Притоа, користам холистички и нетипичен диететски метод, што значи умерен, избалансиран пристап кон храната, без големи рестрикции и без страв од јадење. Мојата единствена рестрикција е консумирање на растителна храна.
Јас цврсто верувам дека здравствените придобивки од консумирање на растителна храна се огромни и оттаму сакам да ги инкорпорирам во вашата секојдневна исхрана.
Дополнително, ќе се потрудам да интегрирам и дел од принципите за Интуитивно јадење, за да ви помогнам да бидете среќни и здрави.
Но, пред да започнеме, би сакала подобро да ве запознаам, да видам каде се наоѓате психички, физички и какво е вашето целокупно здравје.
Но, пред да започнеме, би сакала подобро да ве запознаам, да видам каде се наоѓате психички, физички и какво е вашето целокупно здравје.
ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЗДРАВ И
ИЗБАЛАНСИРАН ЖИВОТ
Со приклучување кон некоја од моите програми, ќе научите:
- Да и верувате на моќта на
растенијата и целосната храна; - Да поставите реални цели и да создадете навики и однос што промовира здравје, грижа за себе и благосостојба;
- Да го истражите и да најдете задоволство во “виножитото од храна”;
- Да јадете здраво, паметно и во исто време многу вкусно;
- Да му дадете приоритет на
вашето здравје и
благосостојба; - Да останете доследни на
вашата програма и да ги постигнете зацртаните цели;
- Да му верувате на вашето
тело и да го замолчите
внатрешниот “food police”
што ве држи “заробени во
кругот на модерните диети”; - Да престанете да се
опседнувате со губење на
тежина, туку да се
фокусирате на исхрана
базирана на грижа за себе;
- Да му оддадете почит и да му верувате на вашето тело, вашите лични вредности и искуства;
- Да ги избегнете сите „диети“ и „правилни исхрани“ коишто
ви создаваат чувство на неуспех, депресија и срам; - Да го засакате готвењето;