Marija Marija Marija

🫔 Тортиљи/врапови од Киноа 🫔

тиртиљи/врапови од киноа

Доколку се сеќавате на палачинките од киноа, овие тортиљи/врапови од киноа се еден сестрински рецепт. Исто е ама не е исто, нели?

Мене ми станаа едни од најчесто правените тортиљи (заедно со оние од леќа), ги правам барем два пати неделно, и можам да ви кажам дека и можете да ги јадете како солени палачинки за појадок или пак како тортиљи/врапови за ручек.

Одлично одат со хумус, тофу или сејтан, свеж зеленчук, маслинки или авокадо за комплетно балансиран оброк. Киноата, иако по составот е јаглехидрат, таа сепак таа (заедно со амарантот) е целосен извор на протеин, бидејќи ги обезбедува сите девет есенцијални амино киселини). Не знам дали ми е омилена или едноставно се трудам често да ја консумирам, па така и во некои од моите претходни објави имам пишувано за сите бенефити како и што се можете да си подготвите од Киноа -(само побарајте клучен збор киноа и ќе ви излезат сите рецепти.

Тортиљи/врапови од Киноа

Инаку, кверцетинот и кемпферолот, флавоноиди што се содржат во киноата, имаат антиинфламаторни својства. Делуваат како моќни антиоксиданси во телото, што значи дека помагаат во заштитата на клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.

tortilji/vrapovi od kinoa

Како да ги направите овие тортиљи/врапови од киноа?

Лесно. Како и за повеќето рецепти од киноа, прво ја киснете (колку подолго, толку подобро) па убаво ја плакнете и потоа блендате. Сепак, најважно од се за да ги направите е – нелепливо тавче.

Со овие тортиљи/врапови од киноа слободно журкајте се со зачините. Go wild и буквално дајте им го вкусот што го сакате. Од зачини што јас ги препорачувам секогаш се: куркума, лук во прав, димена пипер, оригано, сол (или зеленчуков зачин), хариса, но можете да употребите и други зачини по желба и вкус.

Потрудете се да ги наполните со извор на протеин, но пред се наполнете си ги со што ви се јаде во моментот, трпат буквално се.

И тоа е тоа, целиот рецепт и начинот на подготовка ги имате подолу во рецептот, а имате и видео кај мене во reels на инстаграм.

Ова е уште еден (овој пат во солена варијанта) рецепт за сите оние што не се љубители на киноа. Океј, за љубителите не треба многу објаснување. Значи љубител или не, ве охрабрувам да ги пробате овие тортиљи/врапови од киноа. Вкусот на киноата не доминира, меки се и сочни и пред се - МНОГУ ЗДРАВИ! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🫔 Тортиљи / врапови од Киноа 🫔

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење10 minutes
Киснење на киноа12 hours
Вкупно време15 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • нелепливо тавче за палачинки
  • блендер

Состојки

  • 1 шоља Киноа, исплакната  накиснета во вода преку ноќ
  • 1 шоља Вода доколку ви се чини густа смесата додавајте уште малку
  • 1 к.л. Куркума
  • 1 к.л. Сол или зеленчуков зачин
  • 1 к.л. Лук во прав
  • 1 к.л. Димена пипер
  • 1 к.л. Оригано или буквално кои сакате зачини, по вкус и желба
  • 1 к.л. Хариса опционално

Инструкции

  • Ставете ја киноата да се кисне во вода преку ноќ.
  • Следниот ден убаво исплакнете ја.
  • Ставете ја во блендер заедно со останатите состојки додека да добиете еднолична смеса (со густина како за француски палачинки).
  • Печете на нелепливо тавче по 2-3 минути од секоја страна.
  • Послужете со додатоци по ваша желба и вкус.

Вкупно парчиња: 4 тортиљи
(препорачана порција: 2 тортиљи)
Нутритивни вредности од порција: (**без додатоци, само тортиљи)
Калории: 125,3 kcal.
Протеини: 4,7 гр.
Јаглехидрати: 46,2 гр.
Масти: 2 гр.
Влакна: 3,8 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .