Можеби името на ова колаче од киноа и овес со боровница и црно чоколадо му е предолго, ама и вкусот му е предобар! Ова колаче освен што е многу меко, воздушесто и вкусно, оди супер со кафе или чај и е баш здраво. Содржи протеини, многу влакна, антиоксиданси, железо и магнезиум и има низок гликемиски индекс, што го прави погодно за одржување на ниско ниво на шеќер во крвта. Уште една предност е што е безглутенско, не е многу благо, а боровницата многу освежува.
Кога го објавив прв пат на мојот инстаграм профил, не ни очекував дека ќе стане популарно, бидејќи најчесто рецептите што ми се мене омилени, не се меѓу најпопуларните – но ова колаче го разби тој малер.
Инаку, киноата се консумирала уште од страна на древните Инки, коишто ја сметале за света храна. Има повеќе видови на киноа, мешу кои бела, црна и црвена. Ова колаче го правев со бела киноа.
Ова колаче од киноа и овес можете да го јадете со јогурт и свежо овошје, со растопено црно чоколадо, со путер од јатки и секако, без ништо. Може да стои неколку денови, доколку го чувате го во фрижидер, во сад со капак.
Доколку се уште го немаш направено ова колаче од киноа и овес, те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусно и здраво. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🫐 Колаче од киноа и овес со боровница и црно чоколадо 🫐
Состојки
- 1½ шоља овесни снегулки за безглутенски, побарајте сертифицирана ознака
- 1½ шоља сварена киноа
- 1 ленено јајце 1 лажица мелен лен покиснато во 2,5 лажици вода
- 1 банана испасирана
- ¼ шоља јавров сируп или засладувач по ваша желба
- ¼ шоља путер од кикирики замена – кокосово масло
- 1 к.л. цимет
- 1 к.л. прашок за печиво
- 1 с.л. ванила екстракт
- ½ шоља боровници
- ¼ шоља црно чоколадо капки или ситно исечкано
Инструкции
- Најпрво сварете ја киноата и оставете ја да се олади.
- Во сад ги мешате овесот, циметот, прашокот за печиво и ја додавате сварената киноа (оладена).
- Во друг сад ги мешате испасираната банана, јаворовиот сируп, лененото јајце, путерот/маслото и ванилата.
- Ги соединувате смесите и мешате. Ги додавате боровниците и чоколадото, промешувате и истурате во тава за печење обложена со хартија за печење.
- Печете во претходно загреана рерна на 170, околу 35 минути, додека да добие златно кафена боја (внимавајте да не го изгорите).
Вкупно парчиња: 6
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
[Поврзано] Воздушести палачинки од киноа
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .