🍢 Тофу Суфлаки „Тофлаки“ 🍢

Тофу суфлаки, затоа што не можеш да поминеш два месеци во Грција, без да јадеш месо и да не го направиш, нели? По мене, најубавото кај медитеранската кујна е што лесно се прилагодува без да го изгуби својот препознатлив карактер. Токму така настана ова тофу суфлаки „тофлаки“. Мојата растителна верзија на традиционалното суфлаки, во кое главната улога ја има тофуто. Во комбинација со црвена, жолта и портокалова пиперка, зелена тиквичка и виолетов кромид, добив превкусен шарен оброк! Маринирано со превкусна маринада, а потоа испечено додека не добие златна боја, ова јадење е доказ дека едноставните состојки можат да создадат богат и незаборавен вкус. Лесно е, свежо, богато со растителни протеини и совршено за секоја летна трпеза.
И освен што ова тофу суфлаки е ароматично и сочно, многу вкусно и веднаш ќе ве транспортира на море, и е супер опција за вашиот следен ручек (малку калории, многу протеини)!
За целиот рецепт скролни надолу а кај мене на инстаграм во reels имаш и кратко видео одподготовката!
Како да го направиш ова Тофу Суфлаки?
Всушност, целата поента е во маринадата. Во оваа верзија, лимоновиот сок внесува свежина, лукот додава длабочина, а ориганото, сусамот и чадената пиперка создаваат препознатлив медитерански шмек. Сенфот во комбинација со соја сос, го доближува тофуто до вкусот на месо. А, зеленчукот, пак, при печење добива природна сладост и лесно карамелизира, па секое раженче нуди совршен баланс помеѓу сочност, крцкавост и арома. Освен што е шарен (баш по мој вкус), ова е и оброк што обезбедува квалитетни растителни протеини, влакна, витамини и минерали, без да биде тежок или премногу калоричен.
Еден pro tip: краевете на стапчињата натопи ги убаво во вода, за да не изгорат при печење!
Инаку, целиот рецепт има 446 калории, 31 грам растителен протеин и 10 грама растителни влакна.





Зошто да го направиш ова Тофу Суфлаки?
Медитеранската исхрана се темели на свежи сезонски состојки, квалитетни масти, многу зеленчук и уживање во храната. Ова тофу суфлаки „тофлаки“ совршено ја следи таа филозофија. Покажува дека традиционалните рецепти не мора да се копираат буквално за да го задржат својот дух. Понекогаш е доволно само малку креативност за да се создаде јадење што е истовремено познато и сосема ново. Богато со растителни протеини, полно со бои и вкусови и создадено за споделување со луѓето што ги сакаш, ова е рецепт што лесно ќе стане дел од летното мени.
Свесна сум дека за секој еден што јаде месо, ова звучи како „уште една глупост“. НО, јас мислам дека најубавите оброци не се оние што совршено ја следат традицијата, ниту пак оние што содржат месо (извинете, не јадам месо веќе 25 години), туку оние што создаваат нови летни спомени околу масата.
Доколку сакаш суфлаки а во исто време ти треба и пауза од месо ова Тофу Суфлаки е опција за твојот слеедн ручек! е совршениот избор за вас. Направен од зеленчук и тофукрцкаво и сочно, освежително и вкусно и полно со протеини! Дај му шанса, вреди да се проба. Може да се прави на скара или да се пече во рерна. И секако, доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍢 Тофу Суфлаки „Тофлаки“ 🍢 Read More »
















































































