Marija Marija Marija

🍝 Паста со Протеински сос, сушени чери и печурки 🍝

pasta so proteinski sos, susheni cheri i pechurki

Многу се двоумев околу името на овој рецепт, бидејќи паста со протеински сос, сушени чери и печурки ми се чинеше предолго. Но, сфатив дека се е небитно кога пред вас стои оваа паста, накремаста и највкусна на свет! Иако знам дека рецептите со тофу не ми поминуваат најдобро (дали од предрасуди или од ограничена понуда на тофу), ве уверувам дека овој МОРАТЕ да го пробате. Свилено тофу има во Азиската продавница во Скопје, или пак купете си ако одите во Солун – верувајте ми, нема да зажалите. Плус, една порција содржи 36 грама растителен протеин, што за паста без месо е супер, нели!

Како Алфредо, само подобар

Нескромно, овој протеински сос е многу вкусен и потсеќа на добро познатиот алфредо сос, само што е поздрава и подобра варијанта, има повеќе протеин а е подрднакво кремаст. Се двоумев дали да го правам само со сушени чери или само со печурки, но на крај ри реков what the hell ќе го правам со двете! И не знгрешив! Се прави со само неколку состојки, брзо и лесно.

паста со протеински сос, сушени чери и печурки
паста со протеински сос, сушени чери и печурки

За сите состојки и начинот на подготовка, скролнете подолу во постов, а кај мене на инстаграм во reels имате и кратко видео. Ќе ми значи доколку го лајкнете или споделите. А уште повеќе ќе ми значи доколку го пробате!

Како да ја направите оваа паста со протеински сос?

Подолу имате слика од амбалажата на свиленото тофу, за да си направите скриншот и да го купите – прави многу разлика. Можете да го правите и со обично тофу, но ќе ви треба повеќе вода и многу повеќе блендање за да ја добиете оваа silky-smooth текстура. Но, да се вратам на сосот – има само 4 состојки: тофу, вода, нутритивен квасец и мисо (што е опционално, но препорачливо) додека останатите состојки се: сушени чери, малку од нивното масло, младо кромитче, лук и печурки. И секако, паста по избор.

Иако за секоја паста што ќе ја направам викам дека е најдобра што сум ја направила, оваа паста со протеински сос, сушени чери и печурки мислам дека е дефинитивно најдобрата (или барем до следната 🤣)

Во однос на пастата, моја препорака е доколку најдете секогаш да употребите интегрална или паста од цели зрна.

Don’t be upsetti, eat some Spaghetti!

Се одјавувам со паста шали и секако, ве чекам да ги пробате и да ми кажете дали ви де допаднале

паста со протеински сос, сушени чери и печурки
Доколку си љубител на паста и сакаш да пробаш нов, кремаст и многу вкусен сос, во исто време богат со протеини, тогаш дефинитивно треба да ја пробаш оваа паста со протеински сос, сушени чери и печурки. Многу е кремаста, вкусна, и богата со протеини. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍝 Паста со Протеински сос, сушени чери и печурки 🍝

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење15 minutes
Вкупно време20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

Сос

  • 150 гр. Свилено Тофу
  • 2 с.л. Нутритивен Квасец
  • 2 с.л. Вода (може од водата во која се вареа тестенините)

Паста

  • 80 гр. Талијатели (или паста по вкус)
  • 1 месечинка Лук исецкан
  • ½ Кромид исецкан
  • шоља Сушени чери домати исецкани
  • 1 к.л. Доматна паста
  • ½ к.л. Мисо Паста опционално
  • ½ шоља Печурки исецкани
  • 1 к.л. Чили масло или од маслото од доматите
  • сол и оригано, по вкус

Инструкции

  • Сварете ја пастата согласно назнаките на пакувањето.
  • Ставете ги состојките за сосот во блендер и блендајте додека да добиете сос.
  • Во тава на оган, ставете малку од маслото од доматите (или чили масло), додадете го исецканиот кромид и лук и гответе додека да омекнат (неколку минути).
  • Потоа, додадете ги исецканите сушени чери домати и исецканите печурки и убаво промешајте.
  • Гответе неколку минути со постојано мешање и додадете ја доматната паста, мисото (доколку користите) и зачините.
  • Сосем на крај, додадете ги и тестенините, прелијте со сосот и убаво промешајте.
  • Послужете топло.

Вкупно парчиња: 1 порција
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 616 kcal.
Протеини: 36 гр.
Јаглехидрати: 86 гр.
Масти: 12,2 гр.
Влакна: 9,7 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .