Marija Marija Marija

🌯 Врапови/тортиљи со тиква 🌯

тортиљи/врапови со тиква - Хедер

Не знам дали привршувам со рецептите од тиква за оваа сезона, ама овие врапови/тортиљи со тиква, ептен ми се погодија. Меки се, сочни, имаат само 3 состојки и се прават многу брзо и лесно. Супер се за појадок, ручек а богами и за вечера. За сите што ќе се прашуваат – не, тиквата не доминира, само ги прави многу меки и сочни.

Јас не им додадов никаков зачин затоа што сакав да ги пробам и во солена и во слатка варијанта и без зачини функционираа одлично. Сепак, доколку сакате да ги направите солени можете да им додадете сол, куркума и црвена пипер. А доколку сакате да ги направите благи, можете да им додадете цимет, ванила и малку кокосов шеќер.

И ете така, овие тортиљи/врапови со тиква се уште еден прелесен блендај-испечи-намачкај-замотај рецепт со одлични состојки и супер здрав за вашето здравје. Плус, совршени за пребирливи јадачи што не сакаат (а треба) да јадат тиква!

Врапови/тортиљи со тиква
Врапови/тортиљи со тиква

Зошто врапови/тортиљи со тиква?

Затоа во неколку наврати имам објаснето дека тиквата е многу здрава, но ајде да повториме. Освен бета каротинот, тиквата е богата со витамин Ц, витамин Е, железо и фолат – со што помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Плус, вкусна е и прилично достапна, особено во есенскиот период. Би било жално да не ја искористите на сите можни начини. А чисто за уште едно потсетување, еве неколку идеи што се можете да направите со тиква:

Но, да се вратам на овие врапови/тортиљи со тиква. Најважно од се за да ги направите е – нелепливо тавче. Не го занемаривајте ова! Како и секој пат, мојата препорака е да ги наполните со извор на протеин, и здрави масти, за да ги избалансирате и да имате комплетен и здрав оброк.

И тоа е тоа, целиот рецепт и начинот на подготовка ги имате подолу во рецептот, а имате и видео кај мене во reels на инстаграм.

Ова е уште една варијанта за домашни и здрави тортиљи/врапови - овој пат со тиква. Вкусот на тиквата воопшто не доминира, што значи доколку не додадете зачини можете да ги јадете и во солена и во слатка варијанта, а се многу меки и сочни и секако - ЗДРАВИ! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

Врапови/Тортиљи со Тиква

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење10 minutes
Вкупно време15 minutes

Oпрема

  • нелепливо тавче за палачинки

Состојки

  • 1 ½ шоља Овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 1 ½ шоља Растително млеко по вкус
  • шоља Пире од тиква сварена или испечена и испасирана тиква
  • зачини по желба опционално

Инструкции

  • Ставете ги сите состојки во блендер и блендајте додека да добиете еднолична смеса.
  • Доколку смесата е густа, додадете уште малку млеко или вода, додека да ја добиете потребанта густина (тестото треба да е потечно од американски палачинки а малку погусто од француски).
  • Печете на нелепливо тавче

Вкупно парчиња: 4 тортиљи
(препорачана порција: 2 тортиљи)
Нутритивни вредности од порција: (**без додатоци, само тортиљи)
Калории: 401,5 kcal.
Протеини: 18 гр.
Јаглехидрати: 58,95 гр.
Масти: 10,4 гр.
Влакна: 7,55 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .