Моите палачинки од тиква се уште еден топол есенски појадок (или ужина) што ќе го исполни домот со неверојатно пријатна миризба. Како и сите останати мои рецепти, така и овие палачинки од тиква се прават многу лесно и брзо и поважно, многу се вкусни и здрави.
Плус доколку имате „picky eater“ дома, ова е супер начин да му подметнете тиква во оброкот. А тиква е еден од поздравите зеленчуци што секој треба да го јаде (во рецептите подолу има детално и зошто)! Чисто за инспирација, овде ви оставам уште неколку рецепти од тиква што може да ви се најдат:
- Мафини од тиква
- Протеински бомбици од тиква и кокос
- Есенска чорба од тиква
- Брауни од тиква
- Тиква лепче
Така, овие палачинки од тиква се супер за секоја сезона, ама особено се погодни во есен и зима, да ве стоплат и срцето и домот.
A pumpkin a day keeps the goblins away 🤣
Воздушести и меки, со топол но уникатен есенски вкус, овие палачинки од тиква се одличен викенд појадок што дефинитивно мора да го направите. А доколку ви снема тиква, еве иснпирација за друг вкус на палачинки, имам многу 😍
Како да ги направите овие палачинки од тиква?
Брзо и лесно – во 1 сад. Она што е најважно да имате е нелепливо тавче за палачинки. Толку! Сите состојки ги мешате во еден сад, печете и додавате топинзи. Деталниот рецепт го имате подолу, а целата постапка ја имате кај мене во reels на инстаграм.
Инаку, овие палачинки од тиква можете многу лесно да ги направите протеински – се што треба да направите е наместо 1 шоља овесно брашно, да ставите 1/2 шоља брашно и дозерка протеин. Доколку смесата е ретка, додавајте овесно брашно по потреба.
Тиквата сама по себе нема многу протеини, но доколку ги послужите со семки од тиква и срца коноп, уште повеќе ќе ја зголемите протеинска вредност.
Инаку од дозата во рецептов излегуваат 2 порции или вкупно 8 поголемки палачинки (по 4 од лице).
Со што да ги послужите?
Јас ги правев неколку пати и секој пат ги пробував со различен топинг.
Супер одат со јаворов сируп, семе од коноп, пекани (а во тестото додадов ореви) и чачао парчиња. Исто така, одлична комбинација е со путер од бадем и боровница. А ги пробав и со путер од кикирики и мандарина (чудно но многу вкусно есенско комбо).
Инаку, одлични се да ги јадете и без ништо, поради тоа што сами по себе имаат супер вкус. Исто така, можете да ги искомбинирате со протеински јогурт и кокос или буквално со што ви падне на памет.
(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е важно да ги печете на нелепливо тавче.
Доколку си љубител на палачинки и сакаш да пробуваш нови вкусови, тогаш овие палачинки од тиква се must-try! Те охрабрувам да ги направиш, бидејќи се навистина вкусни, лесни и здрави. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🎃 Палачинки од тиква 🎃
Oпрема
- нелепливо тавче за палачинки
Состојки
- 1 шоља Овесно брашно
- ½ к.л. Цимет
- ¼ к.л. Ѓумбир во прав
- ¼ к.л. Сол
- 1 к.л. Прашок за печиво
- ⅓ шоља Пире од тиква сварена и испасирана тиква
- ⅔ шоља Млеко додавајте постепено за да ја утврдите густината
- 2 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба
- ⅓ шоља Ореви, здробени опционално
Инструкции
- Ставете ги сите состојки во подлабок сад и убаво промешајте.
- Загрејте нелепливо тавче запалачинки и ставајте од смесата во големина којашто сакате.
- Печете отприлика 2 минути од страна или додека да се појават меурчиња.
- Завртете и печете од другата страна.
- Послужете со додатоци и топинзи по избор.
Вкупно парчиња: 8
(препорачана порција: 4 парчиња)
Нутритивни вредности од порција (** без додатоци):
Калории: 200 kcal
Протеини: 8,7 гр.
Јаглехидрати: 37,4 гр.
Масти: 3 гр.
Влакна: 5,1 гр.
Омега-3, многу антиоксиданси, магнезиум
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** Нелепливо тавче овде игра клучна улога
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .
Keep up the good work.
Cheers