🍠 Полнети Палачинки од Компир 🍠
Овие полнети палачинки од компир љубов на прво залче! Плус, се супер идеја за релативно брз ручек. Јас ги правев со мешавина од обичен и сладок компир, но можете да ги направите и само со обичен. Плус, можете да ги полните со што сакате и тоа ги прави одлични! Со што и да ги наполните, ќе бидат подеднакво вкусни. Јас овој пат ги полнев со: млад кромид, морков, брокула, печурки и тофу. И за многу кратко време добив многу вкусен и здрав оброк што може да се искомбинира со салата и хумус, или пак како прилог со друго јадење.
Крцкави се од надвор а меки и сочни од внатре. Може да им ставите и вегански (или обичен) кашкавал и внатрешноста ќе биде уште помека и растеглива. И покрај тоа што велам дека овие полнети палачинки од компир се идеја за ручек, сепак, се супер опција и за појадок, но и за вечера. Слободно наполнете ги и само со тофу, и ќе добиете супер протеински полнети палачинки од компир. Протеини засекогаш!


Како да ги направите овие полнети палачинки од компир?
- Сварете го и испасирајте го компирот
- Згответе го зеленчукот или соодветно подгответе го полнењето што ќе го изберете
- Формирајте палачинки, ставете од смесата, поклопете
Подолу го имате целосниот рецепт и начинот на подготовка а кај мене на инстаграм во reels имате и кратко видео од подготовката.



Зошто да ги пробате овие полнети палачинки од компир?
Од повеќе причини (главните секако се дека се вкусни, дека се прават брзо и дека се многу вкусни):
- Имаат супер количество на растителни влакна, антиоксиданси, растителни протеини, витамини и минерали
- Имаат релативно малку калории но голема нутритивна густина, што ги прави супер за слабеење.
- Немаат глутен, лесни се за варење, не ја оптоваруваат работата на црниот дроб и се идеални за балансирани оброци во здрава исхрана.
- Благодарение на комбинацијата на калиум, магнезиум, фосфор и витамин B6, компирот помага во одржување на здрави мускули, коскено ткиво и правилна работа на нервниот систем.
- Кога варениот компир ќе се олади, дел од неговиот скроб се трансформира во резистентен скроб – тип на јаглехидрат кој не се вари целосно и служи како храна за добрите бактерии во цревата.
Ова придонесува за подобра дигестија и порамномерно ниво на шеќер во крвта.

Еве уште една идеја за ручек, брз, лесен и многу вкусен! Полнети палачинки од компир. Се прават многу едноставно и може да се полнат со што ти душа сака, па со тоа секој пат ќе имаш различен рецепт! Те охрабрувам да ги пробаш и секако, доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.…
🍠 Полнети Палачинки од Компир 🍠 Read More »























































































