Овие протеински бомбици од тиква и кокос се МНОГУ вкусни, здрави и се прават многу брзо и лесно! Впрочем, сите мои бомбици се прават брзо и лесно – мислам дека тоа им е и поентата. Плус, треба и да се поздрава опција за десерт или ужина! Епа, буквално нема причина да не ги направите овие бомбици!
Зошто баш „бомбици“
Името генерално многу ми е смешно, но од друга страна, другата опција е да ги виам топчиња – што исто така не е лошо, ама некако сме навикнати на бомбици, нели?
Инаку, сами по себе бомбициве се победа! Доколку не користите протеин, ќе им се намали протеинската вредност, а протеинот можете да го замените со кокосово брашно или со мелен кокос.
Бомбици од тиква и кокос или вкусот на есента 🍂
Есен или периодот кога се прави сè од тиква. Па такви се и овие бомбици од тиква и кокос! Инаку комбинацијата е баш супер, некако слатка и егзотична (особено доколку сте љубител на кокос како мене).
Зошто треба да јадеме тиква
Тиквата е многу е хранлива и богата со со витамини и минерали – особено со витамин А и калиум. Д0полнително на ова е дека е нискокалорична – има само 26 калории на 100 грама.
Содржи антиоксиданси како што се алфа-каротен, бета-каротен, бета-криптоксантин и многу други, кои може да ги заштитат вашите клетки од оштетување од слободните радикали. Бета-каротенот е каротеноид кој вашето тело го претвора во витамин А. Всушност, ова е нашиот природен крем за сончање, односно ја штити кожата од надворешните влијанија (но кремите за сончање се и понатаму задолжителни за употреба). Тиквата исто така содржи и витамини Ц и Е, како и лутеин и зеаксантин, кои можат да помогнат да ја одржите вашата кожа силна и здрава.
Поради сите хранливи материи што ги содржи, наспроти ниското количество на калории, тиквата може да ви биде добар пријател, доколку сакате да изгубите тежина.
Доколку сакаш брзи и едноставни бомбици, а се уште ги немаш направено моите протеински бомбици од тиква и кокос, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се топат во уста! А, доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🎃 Протеински бомбици од тиква и кокос 🎃
Состојки
- ⅔ шоља пире од тиква јас ја печам во фолија па ја пасирам со вилушка или рачен блендер
- ⅔ шоља путер од кикирики
- ¼ шоља кокосово брашно
- прстофат сол
- 1 дозерка протеин доколку не користите протеин, нема да бидат протеински и можете да замените со уште 1 лажица кокосово брашно или мелен кокос
- 3 с.л. јаворов сируп или засладувач по желба
Инструкции
- Во подлабок сад, измешајте ги сите состојките додека да добиете смеса налик тесто.
- Со лажица (или црпалка за сладолед) и формирајте топчиња (за да бидат исти).
- Формираните топчиња извалкајте ги во кокост и ставете ги во фрижидер да се стегнат.
- Од оваа количина излегуваат 18 бомбици.
Вкупно порции: 18
(препорачана порција: 3 бомбици)
Нутритивни вредности од порција:
* к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .