Marija Marija Marija

🌈 Протеинска виножито салата 🌈

протеинска виножито салата- Хедер
протеинска виножито салата

Веќе е добро познато дека сум голем поборник за премисата да го јадеме виножитото, па така оваа протеинска виножито салата има многу логика, нели? Всушност, ако се прашувам јас, колку повеќе боја во чинијата, толку подобро. Јас оваа протеинска виножито салата, до сега ја направив во четири наврати – со одредени варијации и секој следен пат може да биде нова варијација. Мислам, погледнете ги боиве 😍🌈

Сите варијации и намирниците што ги користев, соодветно, ги имате во рецептот подолу.

Како да си направите протеинска виножито салата

Почнете од боите. Потрудете се да имате застапено буквално колку што можете повеќе бои. Потоа, фокусирајте се на изворот на протеин. Во моите салати јас користев киноа, наут, едамаме, леќа, хељда, печурки и тофу (искомбинирани различно).

Кои бои да ги употребите?

🥬 Зелена – секогаш имајте зелена основа, каков било листест зеленчук: марула, рукола, спанаќ, кељ. Освен листестиот зеленчук, употребете и друг зеленчук како пиперка, зелка, краставица, тивкичка, зелена леќа, брокула авокадо (и доколку најдете – едамаме).

🥕 Портокалова – морков, црвена леќа, сладок компир или тиква – доколку имате, употребете ги.
🌽 Жолта – пченка, пиперка, боранија
🍚 Бела – карфиол, наут, киноа, амарант, просо, хељда, печурки, тофу, темпе, грав
🍅 Црвена – домат, пиперка, ротквица
🍆 Виолетова – модар патлиџан, виолетова зелка, црвен кромид, маслинки, црвен грав, цвекло

Како до внес на многу протеин

Најпопулатното прашање на денешницата. А мојот одговор е – лесно. Ваква салата може да има и до 45 грама протеин – зависно што се ќе ставите. Не заборавајте дека и зеленчукот е извор на растителен протеин, а киноата иако по составот е јаглехидрат, ги има сите 9 есенцијални аминокиселини, што ја прави комплетен протеин. Плус ако додадете и нутритивен квасец… Буквално можете да стигнете и до 70 грама протеин во еден шарен и превкусен, нутритивно богат и освежителен оброк.

Погодна за дома, на работа или по пат

Најголемата предност на оброк салатите е тоа што можат да се направат однапред (без да се зачинат) и да стојат во фрижидер во добро затворен сад, се до моментот на јадење. Ова ги прави погодни за “meal-prep” односно можете да ги јадете дома, на работа или пак во автомобил (како што правам јас често) или да направите количина за два дена.

Ги зачинувате непосредно пред консумирање, убаво промешувате и се восхитувате на преубавите бои и вкусови, плус сте си внеле и супер количина на протеин, растителни влакна, здрави масти и многу, АМА МНОГУ витамини и минерали. 🥰🥰🥰

Направете си протеинска виножито салата, без размислување!

Не ве убедувам – ве уверувам, мора да пробате! 😍

Доколку се уште размислуваш што да јадеш утре, направи си протеинска виножито салата - лесен, шарен, здрав и нутритивно богат и избалансиран оброк после којшто дефинитивно ќе се увствуваш сито и среќно. Доколку си направиш некоја протеинска виножито салата, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост

🌈 Протеинска виножито салата 🌈

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

Варијанта 1

  • 1 шоља Бејби рукола
  • 1 шоља Бејби спанаќ
  • 1 шоља Црвена зелка изрендана
  • 1 Морков изрендан
  • шоља Наут од конзерва, може и печен
  • ¼ шоља Киноа сварена
  • шоља Едамаме
  • шоља Пченка шеќерна
  • 1 Домат исецкан
  • 7 Маслинки
  • ¼ Авокадо
  • 1 с.л. Маслиново
  • 1 Лимон исцеден
  • Сол и зачини по желба и вкус

Варијанта 2

  • 1 шоља Микс зелена салата
  • 1 шоља Црвена зелка рендана
  • 1 Домат
  • шоља Едамаме
  • шоља Наут
  • шоља Пченка
  • ¼ шоља Киноа
  • ½ шоља Печурки тостирани, а може и свежи
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • 1 Лимон исцеден
  • Сол и зачини по вкус и желба

Варијанта 3

  • 1 Зелена пиперка исецкана
  • ½ шоља Брокила Печена, може и свежа или обарена
  • 100 гр. Тофу печено
  • 1 Морков изрендан
  • 1 Домат исецкан
  • 1 Црвена пиперка исецкана
  • шоља Едамаме
  • 1 шоља Микс салата
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • 1 Лимон исцеден
  • Сол и зачини по вкус и желба

Варијанта 4

  • 2 шољи Бејби Спанаќ
  • ¼ шоља Леќа сварена
  • ¼ шоља Хељда сварена
  • 1 Морков изрендан
  • 1 Пиперка печена, исечкана
  • 1 Цвекло исецкано или изрендано
  • 7 Маслинки
  • ½ Краставица исецкана
  • 100 гр. Тофу испечено
  • шоља Шарен грав од конзерва
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • 1 Лимон исцеден
  • Сол и зачини по вкус и желба

Инструкции

  • Доколку користите леќа, киноа, хељда или друга житарка, прво ги варите во вода и зачини, додека водата да испари, соодветно.
  • Доколку користите тофу, го маринирате и печете, или го подготвувате на начин на којшто ви се допаѓа. Јас го печам или во Air-Fryer со различни зачини или пак во рерна со Пченкарен скроб и зеленчуков зачин.
  • Во подлабок сад за салата го ставате зеленчукот што ќе го користите како и сите останати намирници.
  • Доколку јадете веднаш, зачинете и уживајте. Во спротивно, ставете ја содржината во подлабок сад со капам и ставете во фрижидер додека да дојде време за јадење.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција:)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .