Време е да престанете да користите готови чоколадни преливи и сосови, затоа што овде го имате најлесниот чоколаден сос: толку брз, едноставен и здрав што дефинитивно нема да имате ниту потреба, ниту желба да користите друг.
Најлесниот чоколаден сос се прави за буквално 3 минути и потребни се само 3 состојки: какао, вода и јаворов сируп (или засладувач по ваша желба*) и е одличен додаток во вашиот појадок, ужинка или десерт.
Одлично оди врз вашата овесна каша, чиа пудинг, или пудинг од ленено семе. Супер е како прелив врз овошна салата, како прелив врз палачинки и останати десерти. Генерално, одлично оди со се што може да добие чоколаден прелив.
Плус, какаото е многу здраво, ја намалува инфламацијата (воспаленијата) и може да ве заштити од одредени заболувања бидејќи е богато со полинутриенти а има ниска количина на масти и калории (само 12 калории во 1 супена лажица).
Доколку си еден од ретките што се уште го нема пробано и направено најлесниот чоколаден сос, те охрабрувам да го направиш уште денес. Се прави за буквално 3 минути, а доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🍫 Најлесниот чоколаден сос 🍫
Состојки
- 2 с.л. какао полни лажици
- 4-5 с.л. вода
- 1 с.л. јаворов сируп (или сируп по ваша желба**)
Инструкции
- Во сад го ставате какаото, додавате засладувач и вода најпрво 4 лажици, па ако е премногу густо (ова зависи од типот на какаото) додавате уште малку вода.
- Мешате со лажичка се додека не добиете течна кремаста смеса во вид на прелив
- Полевате врз палачинките од овес и банана, тројно чоколадните палачинки, палачинките од хељда или палачинките од јагода
Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 3 лажици)
Нутритивни вредности:
Калории: 100 kcal
Протеини: 4 гр.
Масти: 2 гр.
Јаглехидрати: 27 гр.
Влакна: 2 гр.
Калиум: 84 мг.
* с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка* * Доколку користите мед, поради неговата густина, ќе треба да се додаде топла вода и поголема количина и не сум сигурна дали ќе се добие истиот крем (бидејки јас не користам мед)
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .