Marija Marija Marija

🥞 Палачинки со тофу 🥞

палачинки со тофу - Хедер

Палачинки со тофу или најпротеинските палачинки што ги имам направено во низата рецепти за палачинки. Моите беа чоколадни бидејќи ги правев со протеин од чоколадо и какао, но предноста им е што вкусот им е прилагодлив. Бидејќи главната состојка е свилено тофу, нивниот вкус ќе зависи од она што ќе ставите како додаток. На пример, додадете протеин од ванила и ванила екстракт и ќе имате ванила тофу палачинки. Целата доза има вкупно 51 грам протеин, или 25,5 грама од порција. Плус немаат никаков додаден шеќер, богати се со здрави масти и антиоксиданси.

И баш поради тоа што протеинот го диктира вкусот, следен пат ќе се обидам да ги направам солени, односно да ставам изолат од грашок без вкус, нутритивен квасец, маслинки и црна сол. Можеби ќе биде нов рецепт, а можеби само ќе го додадам во продолжение на овој, ќе видиме 🥹

палачинки со тофу
палачинки со тофу

Зошто палачинки со тофу?

Тофуто е еден од најдобрите извори на растителен протеин. Од таа причина и многу го користам во мојата секојдневна исхрана. Секојдневно пробувам нови рецепти и начини како да го употребам тофуто, па така настанаа и овие палачинки со тофу. И да се разбереме, 25 грама протеин (само палачинките, без додатоци) се супер за старт на денот. Плус, немаат шеќер и многу лесно може да го модификуваат вкусот (а со тоа да бидат и солени).

Во секцијата рецепти, можете да најдете многу рецепти со тофу, но овде ќе ви ги издвојам моите лични фаворити:
🍳 Тофу Омлет или пак 🍳 Тофу Кајгана
🧆 Тофу Ќофтиња
🥗 Грчка салата
🥘 Тофу Фритата
🍛 Протеински печен овес
🍝 Шпагети „Вегањезе“

Како да ги направите овие протеински палачинки?

Прво, набавете си свилено тофу. Во моментов го има во азиската продавница во Скопје, или ако одите во солун, набавете си некоја количина, за секој случај. Потоа, одберете си го омилениот протеин. Ова е опционално, но ја зголемува протеинската вредност на плачинките. Доколку не се храните исклучиво на растителна база, наместо растително млеко и протеин, можете да додадете грчки јогурт и вода. И, во основа тоа е тоа. Ви треба само блендер (или процесор за храна) и нелепливо тавче за палачинки. Целиот рецепт и начинот на подготовка го имате во рецептот подолу, а имате и кратко видео од подготовката кај мене на инстаграм во reels.

Доколку сакаш да палачинки, но исто така сакаш и да го започнеш денот со супер количина на протеини,  тогаш ти препорачувам да ги направиш моите палачинки со тофу. Се прават лесно, многу се вкусни, и секако, this goes without saying, многу здрави. Додај си го омилениот вкус на протеин и направи ги благи или солени, со соодветни зачини. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🥞 Палачинки со Тофу 🥞

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење15 minutes
Вкупно време20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • нелепливо тавче за палачинки
  • процесор за храна / блендер

Состојки

  • 200 гр. Свилено Тофу
  • ½ шоља Овесно брашно
  • 1 дозерка Протеин по вкус
  • ± 200 мл. Млеко од Соја или растително млеко по вкус, вода или грчки јогурт + вода
  • 1 к.л. Прашок за печиво
  • 1 к.л. Цимет Опционално, доколку ги правите со протеин од ванила, додадете ванила, или пак доколку ги правите солени, додадете зачини по вкус и желба

Инструкции

  • Ставете ги сите состојки во блендер или процесор за храна и блендајте додека да добиете смеса за палачинки.
  • Густината регулирајте ја со млекото/водата.
  • Печете на нелепливо тавче, на среден оган, по 2 минути од страна, или додека да се појават меурчиња.
  • Послужете со додатоци по желба.

Вкупно порции: 12 палачинки
(препорачана порција: 6 палачинки)
Нутритивни вредности од порција: (** без топинзи, само палачинки)
Калории: 312,6 kcal.
Протеини: 25,5 гр.
Јаглехидрати: 30,25 гр.
Масти: 6,7 гр.
Влакна: 5,15 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .