Оваа грчка салата со тофу и авокадо е само мал твист на добро познатата грчка салата. Наместо фета – додадов маринирано тофу за протеин (детално за маринадата имате во рецептот подолу), плус додадов авокадо. Откако ја направив и почнав да го пишувам текстов, сфатив дека не ставив кромид (заборавив да купам), но одлично функционира и без.
Сосем на крај додадов неколку каперси – што да правам, ми имаат вкус на море… 🌊
Ја зачинив само со маслиново, оригано, сол и мааалку балзамико. Во 1 супена лажица балзамико оцет има 14 калории. Важно е да се напомене дека балзамико оцетот има доста шеќер, и најдобра опција за зачинување на вашите салати е со сок од лимон, но лето е и на сите ни треба малку опуштање и уживање!
И тоа е тоа, брза, едноставна и многу лесна а сепак добро избалансирана веганска грчка салата со тофу и авокадо.
Фолат (витамин Б9) – собено важно за бремените жени, бидејќи фолатите се потребни за нормален раст на ткивото и функцијата на клетките.
Калиум – суштински минерал, корисен за контрола на крвниот притисок и спречување на срцеви заболувања.
Како да ја направите оваа грчка салата со тофу и авокадо
Ова е повеќе реторско прашање 🤣 но одговорот е: ЛЕСНО! На мојот инстаграм профил имате и видео како да ја подготвите – иако знам дека не ви треба, сигурно сте подготвиле барем десетици грчки салати до сега 😀Како и сите мои рецепти, така и оваа салата е веганска, посна, вкусна и здрава. А кога сме веќе кај познати салати во вегнаска варијанта, еве едно потсетување на мојата Веган Капрезе салата – совршена за во лето!
Доколку си љубител на грчка салата, тогаш дефинитивно треба да ја направиш мојата грчка салата со тофу и авокадо. Те охрабрувам, бидејќи е превкусна, избалансирана и супер здрава! Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.
🥗 Грчка салата со тофу и авокадо 🥗
Состојки
Маринирано Тофу
- 150 гр. Тофу коцки
- ½ с.л. Маслиново масло
- ½ к.л. Сол
- 1 с.л. Нутритивен квасец
- 1 к.л. Оригано за маринирање на тофуто
- 1 к.л. Копар
Салата
- 2 помали Домати
- ½ Краставица или цела, доколку е мала
- ¼ Авокадо
- 10 мали Маслинки
- ½ с.л. Каперси
- ½ црвен Кромид јас го заборавив
- ½ с.л. Маслиново масло
- ½ с.л. Балзамико оцет
- ½ к.л. Сол
- 1 к.л. Оригано
Инструкции
- Маринирајте го тофуто, така што ќе му додадете ½ лажица маслиново, сол, нутритивен квасец, оригано и копар. Промешајте и оставете даотстои неколку минути додека го сецкате зеленчукот.
- Исецкајте го доматите, краставицата, авокадото и кромидот (доколку не го заборавите како мене) и ставете ги во подлабок сад.
- Додадете ги маслинките, тофуто и каперсите.
- Зачинете со маслиново, сол, балзамико и оригано. На здравје!
Вкупно парчиња: 1 салата
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 497,9 kcal.
Протеини: 23,3 гр.
Јаглехидрати: 26 гр.
Масти: 39,8 гр.
Влакна: 13,3 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .