Овој протеински печен овес е супер идеја за балансиран и здрав појадок. Особено доколку ви се јаде нешто солено и сакате да промените од овесната каша и чиа пудинг. Ова е втор солен печен овес што го имам, првиот можете да го преземете од прирачникот со 10 печени овесни оброци 👇🏻
Инаку, овој протеински печен овес, го смислив најслучајно, при желба да појадувам нешто солено а притоа да внесам доволно протеини и железо (ѓто ми се особено важни за доењето).
Подготовката е лесна и брза – каква што и мора да биде кога дома имате мало бебе! А на вкус излезе зачудувачки вкусен!
Зошто овој протеински печен овес?
- Затоа што сите веќе добро знаеме зошто и колку е важно да се внесуваат протеини во сите оброци.
- Затоа што е супер опција за солен појадок, вкусен и добро избалансиран.
- Затоа што се прави брзо и лесно.
- Затоа што можете да експериментирате со вкусовите (јас го направив со чери домати и маслинки, но вие можете да му додадете зеленчук по желба и вкус).
- Затоа што има 33 грама протеин, 32 грама јаглехидрати од кои 10 грама диететски влакна и 24 грама масти.
Ова се само 5 причини поради коишто треба да го пробате мојот протеински печен овес. Плус е супер здрав и богат со диететски влакна. Хммм… дали ви требаат уште причини?
Целиот рецепт и начинот на подготовка го имате во рецептот подолу а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.
Само за потсетување, дека имате уште 10 предлози за печени овесни оброци што можете да ги преземете овде. А наскоро, уште неколку нови вкусови!
Доколку си љубител на печен овес но сакаш и солени појадоци, тогаш овој протеински печен овес е совршен за тебе. Вкусен, и прелесен за правење ќе ги задоволи твоите протеински потреби за појадок и ќе те држи сит долго време. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или да ми оставиш коментар под овој пост.
🍛 Протеински печен овес (солен) 🍛
Состојки
- 150 гр Тофу изрендано
- 3 с.л. Овесни снегулки
- 2 с.л. Нутритивен квасец
- 2 с.л. Срца коноп опционално
- ⅔ шоља Растително млеко
- ½ к.л. Црна сол (Кала Намак)
- ½ к.л. Зеленчуков зачин или сол½
- ½ к.л. Куркума
- ½ к.л. Димена пипер или други зачини по вкус и желба
- 5-6 Маслинки исецкани
- 3-4 Чери домати исецкани
Инструкции
- Во сад за печење ставете ги овесните снегулки, нутритивниот квасец, зачините и срцата коноп (доколку користите).
- Измешајте и додадете го млекото.
- Изрендајте го тофуто и наросете го врз смесата од овес.
- Зачинете и додадете ги доматите и маслинките.
- Печете 15тина минути во претходно загреана рерна на 170.
Вкупно парчиња: 1 порција
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 459 kcal
Протеини: 33,5 гр.
Јаглехидрати: 32,7 гр.
Масти: 24,4 гр.
Влакна: 9,8 гр
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .