🫘 Протеински вафли од Грав 🫘
Уште еден вафли рецепт (трет во серијата протеински вафли) или вафли од грав! Први беа вафлите од леќа, па вафлите од наут. За сега да му дојде ред и на неговото височество – грав! Имаат, само 8 состојки и 35 грама протеин (без протеин во прав) во целата доза, и секако се прават ултра брзо и лесно. А тоа што се чоколадни е само уште еден плус. Јас ги правев со рогач и без засладувач, за да може да јаде и Каи, но вие доколку не ги правите за бебе, можете да ги направите со какао и плус јаворов сируп (или засладувач по вкус). Гравот не се чувствува, само ја збогатува чоколадната текстура.
И да, овие вафли од грав се супер доколку сакате да го почнете денот со протеини, без да додавате дополнителни прашоци.
Е сега, иако рековме дека сабота е ден за палачинки, а недела е ден за вафли, кога недела ќе се погоди сончева и топла, рецептот се пишува доцна попладне исе објавува во понеделник. 😆






Вистинска уметност: ем протеински, ем чоколадни, ем здрави, ем од грав
Листата на придобивки од редовното консумирање на грав е долга. Пред се, изобилува со растителни протеини. Конкретно црвениот грав (каков што користам во овој рецепт) е многу богат со диететски влакна. Исто така содржи значителни количини на отпорен скроб, а обезбедува и многу витамини и минерали, како на пример:
- Фолат: исто така познат како фолна киселина или витамин Б9, фолатите се сметаат за особено важни за време на бременоста.
- Железо: овој суштински минерал има многу важни функции во вашето тело.
- Калиум: минерал што особено влијае врз здравјето на срцето.
- Витамин К1: исто така познат како филоквинон, витаминот К1 е важен за коагулацијата на крвта.


Па токму затоа гравот е дел од нашата исхрана на различни начини. после превкусното брауни од пред неколку години, решив да пробам да направам вафли од грав и не згрешив! Плус, се baby-friendly, што е уште еден голем плус. Модификацијата за бебе ја пишав на почетокот (рогач наместо какао и без засладувач). И ете така, уште еден забавен начин да јадете грав и да внесете протеин во оброкот (а тоа да не е манџа). Целиот рецепт е подолу, а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels. И навистина, оваа серија протеински вафли особено ме радува, но ме радува и што мојата колекција на вафли од недела во недела постепено се зголемува. Потсетување, рецепт за вафли имам и во мојата 30 дневна програма за растителна исхрана, како и во прирачникот за бебе оброци 6+м и прирачникот за бебе оброци 9+м.
Доколку си љубител на вафли, по можност чоколадни, и сакаш да внесеш протеински оброк без притоа да додаваш протеин во прав, овие вафли од грав се изборот за тебе. Те предизвикувам и охрабрувам да ги направиш и пробаш бидејќи многу се вкусни, здрави, и полни со протеин. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🫘 Протеински вафли од Грав 🫘 Read More »




























































































