Marija Marija Marija

🥞 Полнети палачинки 🥞

Полнети палачинки - Хедер

Овие полнети палачинки, не се којзнае колку револуционерен рецепт, но се супер забавни и дефинитивно малите јадачи ќе сакаат да ги правите често.

Тестото е многу едноставно и лесно, со само 3 состојки: млеко, банана и овесно брашно. А забавниот дел е полнењето. Јас ги полнев со црно чоколадо, путер од кикирики и чиа џем од малина.

Додека да почнам да подготвувам палачинки од состојки што до сега не сум ги правела, можете да си ги направите овие полнети палачинки, затоа што се навистина превкусни (и поважно) прелесни!

Секако, можете да употребите различно полнење, односно, се што ви се допаѓа вам. Целиот рецепт и начинот на подготовка го имате во рецептот подолу, а кратко видео од подготовката имате и кај мене на инстаграм во reels.


Бонус: Мини овошни палачинки 🥞

Супер е кога во еден пост има два рецепти, нели? Овие мини овошни ги направив со истото тесто и се забавував со овошјето. Едноставно исецкав јагоди и банани и ги извалкав во смесата. Потоа кратко ги испеков и voila ги добив овие мини палачинчиња, преполни со овошје. Рецептот и начинот на подготовка е подолу во овој пост. А, кратко видео имате кај мене на инстаграм во reels.

Без разлика дали ќе се одлучите за полнетите палачинки или пак ќе се одлучите за мини овошните палачинки, тестото е исто, се прави брзо и лесно и двете опции се супер вкусни. Така што, очекувам да ги пробате во вашата следна палачинка сесија!

(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е МНОГУ важно да ги печете на нелепливо тавче. 

Доколку се уште ги немаш направено моите полнети палачинки, очекувам да ги направиш уште следниот викенд. Те охрабрувам, бидејќи се многу вкусни а и многу забавни! А како втора опција, можеш да ги направиш и мини овошните палачинки за уште позабавен вкус. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или да ми оставиш коментар под овој пост.

🥞 Полнети Палачинки 🥞

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење10 minutes
Полнење во замрзнувач15 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • нелепливо тавче за палачинки
  • блендер

Состојки

Смеса за палачинки

  • 1 Банана
  • 1 шоља Растително млеко
  • 1 шоља Овесно брашно
  • 1 к.л. Ванила екстракт опционално

Полнење за полнети палачинки

  • 2 к.л. Путер од кикирики
  • 2 к.л. Растопено црно чоколадо
  • 2 к.л. Чиа џем од малини

Овошје за мини палачинки

  • ½ Банана
  • 5 Јагоди, поголеми

Инструкции

  • Ставете ги сите состојки во блендер и блендајте додека да добиете еднолична смеса.

Полнети палачинки

  • На хартија за печење ставете купчиња од една лажица од полнењето и ставете во замрзнувач да се стегне 15тина минути.
  • На нелепливо тавче, ставете малку од смесата за палачинки, па полнењето и од горе уште малку од смесата за палачинки.
  • Печете на среден оган додека да видите меурчиња во смесата. Внимателно превртете.

Мини палачинки

  • Исечкајте ги јагодите и бананата.
  • Извалкајте ги во смесата за палачинки и ставете ги на загреано тавче да се печат, на среден оган.
  • Откако ќе ги забележите меурчињата во тестото, свртете ги и печете ги од другата страна.

Вкупно парчиња: 6 полнети палачинки
(препорачана порција: 3 палачинки)
Нутритивни вредности од порција:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .