Мал апдејт на темата протеински врапови/тортиљи: Другарка ми Ема самошто ми пиша генијална идеја, дека враповиве треба да ги прекрстам во LENTILLAS = lentils + tortillas. Дефинитивно ќе ја прифатам и така ќе ги викам! Marija’s Lentillas – совршен едноставен и здрав оброк за којшто не е потребно многу време и труд да се направи. Ете баш такви се Marija’s Lentillas – протеински врапови / тортиљи со буквално 2 состојки: црвена леќа и вода. Освен што се прават многу брзо и лесно, овие врапови/тортиљи се богати со протеини и се многу поздрави од купечките.
Сето ова, плус фактот што овие протеински врапови / тортиљи се многу вкусни ги прави еден од топ пет најправени мои рецепти објавени на мојот инстаграм профил. Marija’s Lentillas може да се комбинираат со хумус, маслинки или авокадо и свеж зеленчук и автоматски ќе добиете одличен и избалансиран оброк.
(‼️) Најважно во подготовката е да имате нелепливо тавче и да бидете трпеливи убаво да се испечат од секоја страна.
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие протеински врапови, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🌯Протеински врапови / тортиљи од 2 состојки 🌯
Oпрема
- нелепливо тавче за палачинки
- блендер
Состојки
- 1 шоља Црвена леќа киснета преку ноќ
- 1½ – 2 шољи Вода почнете со 1½ па ако смесата е густа додадете
- 🌶 Зачини по желба
Инструкции
- Во тегла ставете 1 шоља црвена леќа и полијте ја со 2 шољи вода и ставете ја да кисне преку ноќ.
- Следниот ден ја цедите леќата, ја плакнете и го ставате истиот сооднос во блендер со сол и вашите омилени зачини (лук во прав и димена слатка пипер функционираат одлично).
- Блендате (смесата треба да е поретка од американски палачинки а погуста од француски) и печете на загреано нелепливо тавче** без додавање на масло (нема потреба).
- Истурате една шоља од смесата и убаво распределувате на тавчето. Печете подолго од обични палачинки. Имајте трпение – во спротивно може да ви се скинат.
- Послужувате со хумус или намаз по желба и свеж/обарен/испечен зеленчук.
Вкупно парчиња: 6
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 78 kcal
Протеини: 3 гр.
Масти: 0,13 гр.
Јаглехидрати: 6,71 гр.
Влакна: 2,6 гр.
Фолат, железо, калиум, манган, витамин Б6, тиамин, рибофлавин, ниацин, магнезиум, цинк, селен…
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** Нелепливо тавче овде игра клучна улога
[Поврзано] Пица од сладок компир
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .