1½ - 2шољиВодапочнете со 1½ па ако смесата е густа додадете
🌶 Зачини по желба
Instructions
Во тегла ставете 1 шоља црвена леќа и полијте ја со 2 шољи вода и ставете ја да кисне преку ноќ.
Следниот ден ја цедите леќата, ја плакнете и го ставате истиот сооднос во блендер со сол и вашите омилени зачини (лук во прав и димена слатка пипер функционираат одлично).
Блендате (смесата треба да е поретка од американски палачинки а погуста од француски) и печете на загреано нелепливо тавче** без додавање на масло (нема потреба).
Истурате една шоља од смесата и убаво распределувате на тавчето. Печете подолго од обични палачинки. Имајте трпение - во спротивно може да ви се скинат.
Послужувате со хумус или намаз по желба и свеж/обарен/испечен зеленчук.