Marija Marija Marija

🍕 Најлесното тесто за пица од сладок компир 🍕

sweet-potato-pizza-header

Пица од сладок компир?!? Молам?

Да, добро прочитавте! Пица од сладок компир – доколку не сте ја направиле и ве интересира како да ја направите, продолжете со читање…

Пицата е едно од омилените јадења на повеќето од нас. Но, пицата сама по себе не е едно од „најздравите“ оброци што може да ги изедете. Посебно, доколку избегнувате бело брашно како мене.

Епа од пуста желба за пица, оваа пица од сладок компир ја направив сосем случајно летото, и од тогаш наваму ја правам еднаш во две недели. А, и стана еден од топ пет најправени мои рецепти објавени на мојот инстаграм профил. Со причина – одлична е! И навистина лесна, со само 3 состојки!


Слаткиот компир, е многу здрав – содржи витамин Б, витамин Ц, Калциум, Железо, Магнезиум, Фосфор, Калиум, Цинк. Добар извор е на растителен протеин. Само еден сладок компир ќе задоволи 400% од дневните потреби на витамин А. Ќе ви помогне да го одржите здравјето на очите и ќе го подобри вашиот имунитет. А добар е и за бубрезите и срцето.

Како да ја направите мојата пица од сладок компир

Инаку оваа пица од сладок компир можете да ја збогатите со топинзи по желба, но мојата препорака е да се задржите на зеленчук, печурки, тофу и маслинки, заради добар баланс. Целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу, додека кратко видео од подготовката имате и кај мене на инстаграм во reels. И на се ова, можам само да додадам – направете си ја еднаш, нема да зажалите. Напротив, ќе си ја правите многу често. Плус, оваа пица е уште еден креативен начин да внесете повеќе зеленчук во исхраната. Или да подметнете зеленчук доколку имате „пребирлив јадач“.

Доколку си еден од ретките што се уште ја нема направено оваа пица од сладок компир, те охрабрувам да ја направиш уште денес и доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍕 Најлесното тесто за пица од сладок компир 🍕

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење20 minutes
За печење/варење на компирот30 minutes
Курс: пица, ручек, ужина
Автор: Марија

Oпрема

  • блендер / вилушка за пасирање на слаткиот компир
  • сад за мешање
  • хартија за печење
  • сукало
  • тавче за печење

Состојки

  • 1 сладок компир (батат) сварен и изгмечен
  • ¾ шоља овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 2 с.л. пченкарен скроб густин / нишесте
  • 🌶 Зачини по желба (јас секој пат користам различни)

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 170 C
  • Излупете го слаткиот компир и испечете го или сварете го додека да омекне, и убаво испасирајте го.
  • Додадете го овесот и густинот и мешајте додека да добиете еднолична леплива смеса. Оставете ја 10 минути да се врзе.
  • Во меѓувреме обложете тавче со хартија за печење. Ставете капка маслиново врз хартијата за полесно да ја одлепите пицата.
  • Ставете го тестото, од горе ставете уште едно парче хартија за печење и расукајте во формата што ја сакате (со раце или сукало)
  • Печете 20/30 мин.*** во претходно загреана рерна на 170, извадете ја и внимателно превртете ја. Печете уште 7/10 мин.***, извадете ја ставете ги топинзите по ваш избор и завино од нив печете уште дополнителни 5/10 мин.*** или веднаш послужете

Вкупно парчиња: 1 пица
(препорачана порција: 1)
Нутритивни вредности од порција (** без топинзи):
Калории: 480
Протеини: 14,2
Јаглехидрати: 100,1
Масти: 8,1
Влакна: 6,9
Витамин А, витамин Ц, витамин Б6, Калциум, Железо, Калиум, Ниацин, Тиамин, Рибофлавин…

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
***Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте го да не ви загори или пак да не случајно не е добро испечено

[Поврзано] Протеински врапови од леќа


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .