Marija Marija Marija

🍌 Протеинско чоколадно банана лепче 🍌

banana-bread-featured

Ова е прв пат да направам друг обид за банана лепче, бидејќи едноставно мислам дека двослојното банана лепче е апсолутно непобедливо. АМА сепак решив да се обидам да го направам овој протеинско чоколадно банана лепче и со тешко срце морам да признаам дека излезе ПРЕ-ПРЕ-ПРЕВКУСЕН! Прво, нема никаков додаден шеќер, сем бананата (што е апсолутна победа) – бидејќи користев многу зрели (скоро кафени банани – тие се најблаги). Второ, користев чоколаден вегански протеин што му даде супер чоколадна нота и ја зголеми протеинската вредност. Трето, користев капки од црно чоколадо и какао парчиња за уште повеќе антиоксиданси. 

Нема дилема дека ова протеинско чоколадно банана лепче е супер здраво за појадок, десерт или ужина. Нема глутен, и буквално нема ниту една лоша состојка. Од надвор е крцкаво а внатре е меко и сочно, налик колаче.

Одлично оди со путер од јатки и свежо овошје. Има преубав чоколаден вкус а нема никаков шеќер – it’s magic!

протеинско чоколадно банана лепче состојки

Плус, подготовката е толку лесна, се прави во еден сад и потребен ви е само блендер (или мелница) за да го сомелете овесот или бадемите. Бананата ја пасирате со вилушка и во истиот сад ги мешате состојките – ова е причина плус, бидејќи не се прави неред во кујна! 

Доколку го нема пробано и направено ова протеинско чоколадно банана лепче, те охрабрувам да го направиш ова, има супер чоколаден вкус, нема шеќер и е навистина вкусен и лесен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍌 Протеинско чоколадно банана лепче (без шеќер) 🍌

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење50 minutes
Вкупно време55 minutes
Курс: Breakfast, Dessert, Snack
Порции: 12
Calories: 125kcal
Автор: Марија

Oпрема

  • мерилки
  • тавче за печење

Состојки

  • 2 банани испасирани
  • 1 шоља растително млеко
  • 1 с.л. оцет најдобро јаболков
  • 2 к.л. ванила екстракт
  • 2 шољи овесно брашно мелени овесни снегулки
  • ½ шоља мелени бадеми бадемово брашно
  • ¼ шоља чоколаден протеин во прав опционално
  • ¼ шоља какао
  • ¼ шоља капки црно чоколадо
  • ¼ шоља какао парчиња опционално
  • ½ банана пресечена по должжина за од горе опционално, но препорачливо

Инструкции

  • Ја загревате рерната на 160. Бананата ја гмечите со вичушка (може и во блендер, ама нема потреба) и ги додавате сите состојки во поголем сад за мешање. 
  • Мешате убаво за сите состојки да се соединат и дадобиете еднолична смеса – густо лепливо тесто. 
  • Ја истурате смесата во модла/плехче за лепче обложено со хартија за печење (или силиконско) и го ставате да се пече 45 до 50 минути, зависно од рерната. (боцнете чепкалка во средината за да проверите дали е испечено – доколку излезе сува, извадете го). Оставете го да се излади пред да го пресечете. 

(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 125
Јаглехидрати: 15 гр. 
Влакна: 4 гр. 
Протеин: 10 гр. 
Масти: 6 гр.
Магнезиум, Селен, Фосфор, Калциум, Железо, Калиум, Цинк, Витамин А

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажица - ќе го користам како кратенка
**** Го има во ПолеоСпорт [спонзорирано]

[Поврзано] Најдоброто двослојно банана лепче


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .