🫔 Благи Протеински Пити со Оризова хартија 🫔
Овие благи протеински пити со оризова хартија се мојот најнов експеримент. И буквално беа тоа, експеримент што излезе многу вкусен и богат со растителни протеини.
Плус, има нешто посебно во моментите кога имаш потреба од нешто слатко, но сакаш да е здраво и да не е премногу тешко. А сепак, нешто што ќе го задоволи апетитот без да ти создаде чувство на вина. Звучи комплицирано бидејќи има многу параметри, нели? Епа баш така, настанаа овие благи протеински пити со оризова хартија. Супер спој на едноставност, креативност и мала доза домашна магија.
Наместо класично тесто, овде оризовата хартија ја има главната улога. Нема глутен и има малку калории а ја прави оваа блага протеинска пита лесна, крцкава и многу интересна.
Но, искористив уште неколку трикови што совршено со вклопија во овој рецепт…

Зошто оваа Благи протеински пити?
Затоа што рецепт за солени веќе имам. Имам и за пролетни ролнички. Додуша, имам и еден рецепт за блага, полнета со печени јаболка. Но оваа верзија е супер затоа што е богата со протеини а има малку калории. Што значи, овие благи протеински пити се идеални за утринско уживање со кафе, појадок пред тренинг, или како здрава алтернатива на класичен десерт. А најубавото? Може да ги модифицирате и да ги направите по ваш вкус. Јас ги правев со банана и црно чоколадо, но можете да ги направите со боровинки или јатки.



Од експеримент до полн погодок
И со овој рецепт, уште една ми се потврди теоријата дека најчесто најдобрите рецепти не се најдраматичните, туку оние што ги правиме со леснотија и само неколку „што-се-нашло“ состојки. Токму такви се и овие благи протеински пити! Мали, благи и совршено едноставни.
И да не го заборавам ТРИКОТ! За секоја пита употребив по два листа оризова хартија. Првата ја натопив во чоколадно млеко од бадем и тоа беше вистински agme changer. Втората ја натопив со вода. Целиот рецепт и начинот на подготовка е објаснет подолу а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.


Доколку ти се јаде нешто благо, лесно, не прекалорично и богато со протеини и без глутен, тогаш овие благи протеински пити со оризова хартија се за тебе! Вкусно слатко полнење, што лесно може да се модификува и готови за 10-тина минути! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🫔 Благи Протеински Пити со Оризова хартија 🫔Прочитај повеќе »
🫔 Благи Протеински Пити со Оризова хартија 🫔 Read More »





































