Ова се дефинитивно најлесните палачинки на светот со само 2 состојки: вода и хељда. Останатото го додавате по вкус и желба. Мислам дека луѓето се делат на 2 типа: оние што сакаат американски палачинки и оние што сакаат француски палачинки (crêpes, тенки, како што ги правиме ние). Ова се такви, тенки само многу лесни и многу здрави!
Се прават со само 2 состојки.
Немаат глутен, немаат никаков шеќер, што значи можете да ги јадете и со солен фил.
Хељдата е инаку супер извор на растителен протеин, богата е со диететкси влакна, има многу низок гликемиски индекс – што значи дека јаглехидратите споро се абсорбираат во крвотокот и на вашето тело му овозможуваат стабилен енергетски тек (не создава нагли покачувања на нивото на шеќер во крвта) што ја прави погодна и за дијабетичари.
Освен што се најлесните палачинки на светот, овие палачинки од хељда се доста популарни, и дефинитивно ги вбројувам во категоријата на рецепти коишто се едни од најправените до сега објавени мои рецепти на мојот инстаграм профил.
🥞 Доколку се решите за солено полнење еве ви предлог: хумус, свеж чери домат, свежа краставица, маслинки, младо кромитче.
🥞 Доколку се решите за благо полнење еве ви предлог: направете смеса од домашен џем од чиа-јагоди и јогурт од бадеми, плус свежи јагоди. Прелијте со чоколаден сос, путер од кикирики crux.mk , јагоди, боровници и кокос.
(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е важно да ги печете на нелепливо тавче.
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено најлесните палачинки на светот, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🥞 Најлесните палачинки на светот 🥞
Oпрема
- нелепливо тавче за палачинки
Состојки
- 1 шоља брашно од хељда закисната хељда исто функционира
- 1 шоља растително млеко (+ уште 3-4 лажици за подесување на густината)
Инструкции
- Во длабок сад ги мешате брашното и млекото и матите додека не добиете смеса за палачинки.
- Оставате да отстои 10тина минути и доколку ви се чини прегуста можете да додадете лажица вода.
- Ставете од смесата на нелепливо тавче, убаво распределете на тавчето и печете на среден оган отприлика 3 минути од страна. Внимателно одлепувајте ги краевите (најдобро успева со силиконска шпатула) и превртете за да ги испечете и од другата страна.
Вкупно парчиња: 8
(препорачана порција: 3 парчиња)
Нутритивни вредности од порција (** без додатоци):
Калории: 200 kcal
Протеини: 8,7 гр.
Јаглехидрати: 37,4 гр.
Масти: 3 гр.
Влакна: 5,1 гр.
Омега-3, многу антиоксиданси, магнезиум
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** Нелепливо тавче овде игра клучна улога
[Поврзано] Палачинки од овес и банана
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .