Marija Marija Marija

🥖 Најлесното лепче со семки 🥖

seed-bread-header

Ова не е лепче како што се научени да јадеме, туку е многу поубаво и поздраво! Најлесното лепче со семки се прави буквално од семиња и вода, премногу лесно, во еден сад, без неред во кујна, без месење, без проблем ☺️. Преполно е со протеини, антиоксиданси и омега-3 масни киселини и е супер за појадок или ужинка со малку хумус и краставица, со свежо овошје, или со путер од јатки, како десерт.

Но, зошто е толку здраво?

  • Семки тиква – содржат високо количество на протеин и се одличен извор на диететски влакна, ја намалуваат инфламацијата при артритис, спречуваат формирање на камења во бубрезите, преполни се со минерали и Цинк, помагаат за добар сон, можат да ја намали количината на ЛДЛ холестеролот, го подобруваат здравјето на простатата, го убрзуваат метаболизмот, го намалуваат крвниот притисок, се борат со паразитите и ја подобруваат активноста на антиоксидантите. 
  • Ленено семе – содржат високо ниво на здрави омега-3 масни киселини, преполни се со антиоксиданси и се многу добар анти-инфламатор, го убрзуваат метаболизмот и помагаат во согорување на мастите, богати се со витамин Б, магнезиум, манган, фосфор, железо, калиум, помагаат при констипација, го намалуваат нивото на холестеролот и крвниот притисок и се многу богати со лигнани – фитоестрогени коишто влијаат во намалувањето на ризикот од одредени ракови поврзани со хормоните (најчесто на градите, матката, јајниците и простатата).
  • Чиа семе – богати со со протеини и анти-оксиданси, помагаат за здрава и убава кожа и го подобруваат дигестивното здравје и варењето на храната, го убрзуваат метаболизмот и го зголемуваат нивото на енергија, добри се за здравјето на срцето, одлични за дијабет, придонесуваат за добро здравје на коските, и особено забите, и помагаат при губењето на тежина и градењето на мускули.
  • Семки сончоглед – го подобруваат имунитетот, здравјето на срцето и нервниот систем, богати се со витамини и минерали, диететски влакна и антиоксиданси, одлични се за здрава кожа, коски и нокти, одличен извор се на железо, витамин Е и фосфор, помагаат во балансирање на хормоналните нивоа, и помагаат во подобрување на дигестијата (варењето на храната)
  • Сусам – го подобрува варењето на храната (дигестијата), ја намалува инфламацијата и помага во одржување на здравјето на срцето, ја намалува хипертензијата, помага при намалување на анемија, го подобрува имунитетот и го убрзува метаболизмот, има добро количество на протеин и штити од радијација.
најлесното лепче со семки - парче
Овес – освен што го зголемува нивото на енергија, овесот помага во намалување на холестеролот и нивото на шеќер во крвта, преполн е зо железо и е одличен извор напротеин, богат е со витамини, минерали и диететски влакна, може да го спречи опаѓањето на косата и помага при намалувањето на телесната тежина.

Псилиум (тегавец) – го намалува нивото на холестерол, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, има анти-инфламаторски дејства, има големо количество на диететски влакна, помага при рефлукс, констипација и намалување на телесната тежина.

  • Маслиново масло – го подобрува кардиоваскуларниот систем, помага во одржување на нивото на холестерол, помага при констипација, улцерозен колит, мозочен и срцев удар, помага при намалување од ризикот од рак на дојка, зајакнување на коските и борбата со Алцхајмер.

  • Од се што набројав, не постои ниту една причина да не го направите направите и пробате најлесното лепче со семки, буквално ♥️
најлесното лепче со семки - состојки
најлесното лепче со семки за појадок

Ве уверувам дека ова лепче со семки набрзо ќе стане дел од вашата секојдневна исхрана. Плус, се прави премногу лесно, во еден сад, без неред во кујна, без месење, без проблем ☺️. 

Супер е за појадок или ужинка со малку хумус и краставица, со свежо овошје, или со путер од јатки, како десерт.
Доколку се уште го немаш направено најлесното лепче со семки, те охрабрувам да го направиш уште денес и доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥖 Најлесното лепче со семки 🥖

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење1 hour
Resting time11 hours
Вкупно време9 hours 5 minutes
Курс: Appetizer, Breakfast, Snack
Порции: 12
Автор: Марија

Состојки

  • 1 ½ шоља овесни снегулки
  • ½ шоља семки тиква
  • ½ шоља семки сончоглед
  • ½ шоља ленено семе цело
  • 3 с.л. ленено семе мелено
  • 2 с.л. чиа семе
  • 3 с.л. сусам
  • 1 к.л. сол
  • 2 с.л. тегавец псилиум
  • 1 с.л. маслиново масло
  • 1 ¾ – 2 шољи вода се додава постепено

Инструкции

  • Прво и најважно – не морате да загревате рерна. Јас го печев со постепеното загревање. на рерната. 
  • Ги ставате сите семки и тегавецот (псилиумот) во длабок сад и добро ги промешувате. 
  • Го додавате маслиновото и потоа и водата. Водата додавајте ја постепено – прво една шоља па потоа постепено по четвртина шоља (јас ставив вкупно две шољи). 
  • Мешате додека се соедини се во голема топка. 
  • Го покривате садот со фолија и го ставате во фрижидер, неколку саати, или најдобро преку ноќ. 
  • Пред да го печете, го оставате на собна темература еден час. 
  • Ја истурате смесата (тестото) во калап за леб обложен со хартија за печење и печете на 170°C околу 75 минути.

Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција (**само лепче, без додатоци):
Калории: 253
Протеини: 33,6
Јаглехидрати: 21,38
Масти: 15,75
Влакна: 6,8

Железо, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, селен, витамин А, омега-3, тиамин, рибофвлавин,

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка 
**** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте го да не ви загори или пак да не случајно не е добро испечено. Јас го печев 50 минути покриено со фолија и уште 15 без фолија - излезе одлично!

[Поврзано] Здраво лепче со помалку јаглехидрати


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .