Ако сте љубител на американски палачинки на куп за појадок или „бранч“ овие палачинки од овес и банана се дефинитивно за вас!
Инаку, овој рецепт е или најправениот или барем во од топ пет најправени мои рецепти објавени на мојот инстаграм профил. И со причина! Овие палачинки од овес и банана се супер лесни, воздушести и здрави вегански палачинки. Имаат 9 состојки и се минимално природно засладени со само 2 лажици јаворов сируп.
Палачинкиве прв пат ги направив поодамна, и до сега ги имам направено во две варијанти – регуларна големина на американска палачинка како и во мини варијанта, за во чинија со овошје, јатки или јогурт. Но, базата од рецептот ми е скоро секогаш иста па потоа додавам или одземам по некоја состојка, како на пример палачинките со Мача.
Овие палачинки одат со путер од јатки, свежо или замрзнато овошје, чоколаден сос или прелив од јаворов сируп и семки.
(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е МНОГУ важно да ги печете на нелепливо тавче.
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие палачинки од овес и банана, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🥞 Палачинки од овес и банана 🥞
Oпрема
- блендер
- нелепливо тавче за палачинки
Состојки
- 1 зрела банана
- 1 шоља овесни снегулки
- ½ шоља растително млеко + уште малце ако тестото ви е многу густо
- 2 с.л. јаворов сируп или сируп од урми, агаце, по вкус
- ½ с.л. јаболков оцет оцет од ферментирани диви јаболка или сок од лимон
- 1 к.л прашок за печиво
- 1 к.л. ванила
- ½ к.л. цимет
- прстофат сол
Инструкции
- Најслесно е да ги ставите сите состојки во блендер / процесор за храна и да блендате се додека да добиете средно густа смеса.
- Густината регулирајте ја со додавање млеко, доколку има потреба.
- Редете ги на загреано нелепливо тавче со лажица за регуларна големина или пак, со туба за да добиете мини палачинчиња. Можете да ги правите и во други форми, доколку имате време и желба.
- Печењето е како за класична американска палачинка. Ставате од смесата на загреано тавче, го намалувате оганот, печете околу 3 минути од едната страна, односно додека да се појават меурчиња во тестото и потоа превртувате и печете од другата страна уште 2-3 минути.
Вкупно парчиња: 8-10
(препорачана порција: 4 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка **** Нелепливо тавче овде игра клучна улога
[Поврзано] Најлесните палачинки на светот
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .