Оваа салата со антиоксиданси е нутритивно богата, преполна со витамини и минерали, содржи малку калории а е многу вкусна и освежителна! Одлична идеја за вашиот следен оброк.
Зошто оброк салата?
Затоа што оваа оброк салата со антиоксиданси содржи многу влакна, витамини, минерали, растителни протеини, здрави масти и антиоксиданси што ви се потребни за еден здрав и балансиран оброк.
🥬 Бејби спанаќ
Покрај витамините и минералите што ги содржи, бејби спанаќот е полн со антиоксиданси. Содржи хранливи материи како лутеин, зеаксантин, нитрати и кверцетин, кои се добри за целокупното здравје и благосостојба. Консумирањето на бејби спанаќ може да помогне за: Подобро здравје на очите, подобро здравје на срцето, справување со дијабетес, превенција на одредени ракови, намален ризик од анемија, подобрено здравје на коските, подобар имунитет, здрава бременост…
🌱 Рукола
Богата е со калциум којшто помага за нормално згрутчување на крвта и го подобрува здравјето на коските, забите, мускулите и функцијата на нервите. Калиум, што е од витално значење за работата на срцето и нервите. Содржи фолат, витамин Б, витамин К, витамин А и витамин Ц – моќен антиоксиданс што помага во подобрување на имунитетот, важен за здравјето на ткивото и апсорпцијата на железото од храната.
🥦 Свежа брокула
Еден од најздравите зеленчуци што можете да го изедете! Содржи неверојатен спектар на витамини, минерали, влакна и други биоактивни соединенија. Помага со инфламацијата, може да го намали шеќерот во крвта и да ја подобри контролата на дијабетесот. Помага во работата на дебелото црево и здравите цревни бактерии. Брокулата е одличен извор на витамин Ц, калциум, витамин К и фосфор – коишто се неопходни за одржување на здрави коски.
🫐 Боровница
Содржи највисоко ниво на антиоксиданси меѓу овошјето и зеленчукот. Може да помогне во спречување на срцеви заболувања, во регулирање на шеќерот во крвта, во одржување на здравјето на очите. Исто така, може да ги ублажи гастроинтестиналните проблеми.
🥑 Авокадо
Богато e со масти, 60% од кои се мононезаситени масти, коишто помагаат во заштитата од срцеви заболувања и го намалуваат крвниот притисок. Авокадото е одличен извор на калиум, фолат и растителни влакна, што помага за поздраво срце и кардиоваскуларен систем.
🌰 Бадеми
Содржат многу здрави масти, влакна, протеини, магнезиум и витамин Е. Здравствените придобивки од бадемите вклучуваат намалување на нивото на шеќер во крвта, намалување на крвниот притисок и намалување на холестеролот. Го намалуваат гладот и помагаат во процесот на губење на тежина.
🥒 Краставица
Има малку калории а многу хранливи материи. Богата е со витамини, минерали и антиоксиданси. Помага во хидратацијата. Може да го намали нивото на шеќер во крвта и да помогне во губење на тежината.
Доколку си еден од ретките што се уште ја нема направено оваа богата оброк салата со антиоксиданси, те охрабрувам да ја направиш уште денес. Многу е здрава и доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🥗Оброк салата со антиоксиданси 🥗
Состојки
- 300 гр. бејби спанаќ
- 200 гр. свежа рукола
- 100 гр. боровници
- ½ авокадо
- ¼ шоља бадеми
- 1 краставица
- 1 шоља свежа брокула
- 1 с.л. маслиново масло
- 1 с.л. балзамико крема
- 1 с.л. сок од лимон
- сол и зачини по вкус и желба
Инструкции
- Убаво измијте го спанаќот, руколата и брокулата.
- Ставете го зеленчукот во подлабок сад за салата.
- Зачинете со маслиново, балзамико, лимон и зачини и измешајте.
- Додадете ги бадемите и боровниците и послужете.
Вкупно парчиња:
(препорачана порција:
Нутритивни вредности:
Калории:
Протеини:
Масти:
Јаглехидрати:
Влакна:
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка*
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .