Marija Marija Marija

🍠 Мини бургер лепчиња од сладок компир 🍠

бургер лепчиња од сладок компир - Хедер

Сигурна сум дека се сеќавате на моето најлесно тесто за пица од сладок компир! Епа еве мал апгрејд: бургер лепчиња од сладок компир! Јас ги направив во мини варијанта за да бидам сигурна дека ќе се испечат. Секако дека потоа ги направив и малку поголеми и со други варијации во составот. Но, сега ќе се задржам на овој рецепт. Од состојките, ми излегоа 4 мини бургерчиња и навистина беа превкусни и прелесни за правење. А, ако ја зголемите дозата, можете да направите мезе за вашата следна седенка 🤣

Уште неколку факти за слаткиот компир

Овие бургер лепчиња од сладок компир, освен што се многу вкусни, исто така се и многу здрави! Слаткиот компир е супер храна за подобрување на имунитетот, гастроинтестиналниот тракт и функцијата на мозокот!

Слаткиот компир содржи влакна и антиоксиданси кои поттикнуваат раст и развој на добра цревна бактерја, со што помагаат за поздрави црева. Исто така, богати се со бета-каротен и антоцијани, антиоксиданси кои можат да помогнат спречување на губење на видот и подобрување на здравјето на очите. Бета-каротенот, може да се претвори во витамин А со што помага во подобрување на целокупнио имунолошки систем!

бургер лепчиња од сладок компир

Како да ги јадете овие мини бургер лепчиња од сладок компир

За појадок можете да ги јадете со:
– тофу омлет, хумус и авокадо;
веганска павлака, домати, краставица и маслинки;
– путер од јатки и свежо овошје;
– стопен вегански кашкавал, печурки, брокула и домашен кечап;
За ручек можете да ги јадете со:
– фалафел, свеж зеленчук и сос од домат;
– ќофтиња од леќа, хумус и домат;
– краставица, авокадо, маслинки, млад кромид, парчиња димено тофу и сос од домат;

Доколку се уште го немаш пробано моите мини бургер лепчиња од сладок компир, еве прилика! Те охрабрувам, бидејќи се превкусни и секако, здрави. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍠 Мини бургер лепчиња од сладок компир 🍠

Време на подготовка20 minutes
Време на готвење20 minutes
Вкупно време38 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 1 шоља испечен сладок компир испасиран
  • 1 шоља брашно од хељда може и со овесно брашно
  • 2 к.л. прашок за печиво
  • прстофат сол + зачини по вкус
  • сусам за од горе

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 170.
  • Во сад измешајте ги компирот, брашното, зачините и прашокот за печиво.
  • Мешајте со вилушка додека да добиете топка и потоа малку замесете со рака.
  • Не месете премногу за да не добиете тврсо тесто.
  • Исечете го на 4 еднакви делови, формирајте топчиња и оставете ги да отстојат 10-тина минути.
  • Премачкајте ги со малку маслиново и наросете сол и сусам (овој чекор е опционален, но препорачлив).
  • Печете 20-тина минути (зависно од рерната, можеби и малку подолго).
  • Оставете ги да се оладат и почнете со редење на вашите бургерчиња/сендвичиња 🍔

Вкупно парчиња: 4
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
**** Времето на печење многу зависи од рерната. Погледнувајте ги по 15 минути печење.

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .