Marija Marija Marija

🍪 Бисквити со Таан и Сусам 🍪

бисквити со таан и сусам - Хедер

Меки, крцкави, вкусни

Морам да признаам дека многу ми е криво што кога првично го објавив овој рецепт за моите бисквити со таан и сусам, лани на инстаграм, немаше некој посебен интерес. Се надевам дека сега откако ги објавувам овде, ќе почнете да ги правите затоа што се без масло. Може да ги направите и без шеќер, сочни крцкави и со многу богат вкус. 😍

За да ги направите, потребни ви се точно 9 состојки, од кои таанот ја има клучната улога. Но, целиот спој на вкусови одлично се инкорпорира во ова крцкаво а сепак меко бисквит-колаче.

Слично како и слатко-горките бомбици со таан, така и овие бисквит-колачиња се мегу моите лични фаворити што ги правам многу често. Бонус на вкусот е што имаат добра количина на растителни протеини.

Бисквити со Таан и Сусам
Бисквити со Таан и Сусам

Ги правите еднаш и после ги правите засекогаш!

Не преувеличувам, ама овие бисквити со Таан и Сусам МНОГУ добро одат со чај или кафе. Одлични се за ужина „во од“, дома или во канцеларија. Но, поважно, навистина се прават пребрзо и прелесно.

Се прават во четири едноставни чекори:
1. Ги мешате сите состојки во еден сад
2. Правите топчиња со еднаква големина (земајте со лажица или мерилка за да ви се исти)
3. Ги валкате во сусам
4. Ги редите на тавче за печење и ги сплескувате со дно од чаша (за да добиете бисквити)

Плус, супер се за да ги правите до вашиот тодлер, бидејќи валкањето во сусам и сплескувањето со чаша мислам дека се посебно забавни за малите.

Таан и Сусам

Иако таанот е всушност путер од сусам, мислам дека вкусот на овие бисквити го почајува сусамот од горе. Мислам дека малку работи се повкусни од запечен сусам, нели? Инаку, за придобивките од таанот имам напишано по некој збор во објавата за мојата гранола со таан. Придобивките се многу, слободно прочитајте, сигурна сум дека ќе ве мотивираат да почнете да јадете таан. А тостиран сусам, доколку не додавате во останатите јадења (на пример салати), мислам дека МОРА да почнете! Дава неверојатен вкус и крцкавост. Ајде сега кон рецептот за овие бисквити со таан и сусам и да ги направите под итно. 🤣

Доколку се уште ги немаш пробано и направено моите бисквити со таан и сусам, еве ти прилика. Те охрабрувам, бидејќи се прават за 5 минути и се печат за 7. А превкусни се! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍪 Бисквити со Таан и Сусам 🍪

Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • длабок сад за мешање
  • тавче и хартија за печење
  • стаклена чаша со рамно дно
  • црпалка за сладолед / лажица / мерилка

Состојки

  • 80 гр. Бадеми мелени
  • 40 гр. Овесно брашно
  • 2 с.л. Какао
  • ¼ к.л. Сода Бикарбона
  • ¼ к.л. Сол
  • ½ шоља Таан
  • 3 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба
  • 1 к.л. Ванила екстракт
  • мешавина од црн и бел сусам за валкање

Инструкции

  • Во подлабок сад додадете ги сите состојки и убаво измешајте.
  • Со лажица за сладолед или дозерка, направете топчиња (12-14 топчиња од оваа доза) убаво измазнете ги меѓу дланките и навалкајте го секое топче во мешавината од црн и бел сусам (или само бел доколку немате црн).
  • Ставете ги топчињата на тавче за печење обложено со хартија за печење, но оставете малку простор помеѓу.
  • Со помош на стаклена чаша со рамно дно, притиснете го секое топче, за да добиете колаче.
  • Ставете го тавчето во ладилник 15тина минути за да се стегнат.
  • Загрејте ја рерната на 170.
  • Печете ги бисквитите 7-8 минути, со особено внимание затоа што многу безо горат.
  • Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат 10тина минути пред да ги послужите.

Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 2 бисквити)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 252,8 kcal.
Протеини: 7,64 гр.
Јаглехидрати: 19,14 гр.
Масти: 18,16 гр.
Влакна: 4,52 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .