Во подлабок сад додадете ги сите состојки и убаво измешајте.
Со лажица за сладолед или дозерка, направете топчиња (12-14 топчиња од оваа доза) убаво измазнете ги меѓу дланките и навалкајте го секое топче во мешавината од црн и бел сусам (или само бел доколку немате црн).
Ставете ги топчињата на тавче за печење обложено со хартија за печење, но оставете малку простор помеѓу.
Со помош на стаклена чаша со рамно дно, притиснете го секое топче, за да добиете колаче.
Ставете го тавчето во ладилник 15тина минути за да се стегнат.
Загрејте ја рерната на 170.
Печете ги бисквитите 7-8 минути, со особено внимание затоа што многу безо горат.
Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат 10тина минути пред да ги послужите.