Marija Marija Marija

🌰 Слатко-горки бомбици со таан и ореви 🌰

bitter-sweat-truffles-header

Бомбици се еден од наједноставните и најлесни за подготовка десерти. Сите бомбици што ќе ги најдете овде се од сирови состојки, целосна и непреработена храна, без бел и вештачки шеќер, без непотребни додатоци, со здрави масти, безглутенски и пред сè, МНОГУ ВКУСНИ. Такви се и овие бомбици со таан.

бомбици со таан

За разлика од класичните бомбици, јас се трудам моите да не ги „трупам“ со шеќери, затоа што целта ми е да може секој да ги јаде. Кога се консумираат умерено, не само што не се штетни, туки и се многу здрави. Убавината е што стојат во фрижидер, а може и да се замрзнат.

Е сега малку за комбинацијата какао + ореви + таан. Нема да верувате колку е убава и многу, многу здрава. Овие бомбици со таан се навистина „слатко-горки“ имаат една посебно нежна нота на сусам (плус крцкаат од сусамот).

А кога велам здрави бомбици, мислам на следново:

Какаото, таанот  и оревите се многу богати со антиоксиданси. Оревите се одличен извор на омега-3 масни киселини и можат да ја намалат инфламацијата (воспалението). Иако се доста калорични, сепак можат да помогнат во процесот на слабеење. Исто така, можат да го намалат крвниот притисок, и да ја подобрат функцијата на мозокот. Таанот, пак, има антибактериски и антиинфламаторни својства. Придонесува за зајакнување на централниот нервен систем и ја подобрува функцијата на бубрезите и црниот дроб. Мислам дека ова се доволно добри причини уште веднаш да ги направите бомбициве и да си ги чувате во фрижидер за вашата следна ужинка или десерт.

За да ги направите, потребен ви е процесор за храна или блендер за да ги сомелете сите состојки. 

Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие превкусни слатко-горки бомбици со таан, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🌰Слатко-горки бомбици со ореви и таан 🌰

Време на подготовка5 minutes
Време потребно да отстојат во фрижидер10 minutes
Вкупно време15 minutes
Курс: бомбици, десерт, ужина
Порции: 20

Oпрема

  • процесор за храна / блендер

Состојки

  • 1 шоља ореви
  • 15 урми, без семка натопени во вода доколку се суви
  • 3 с.л. таан
  • 2 с.л. какао
  • 2 с.л. сусам
  • 2 с.л. кокос
  • 2 с.л. ванила екстракт
  • 2 с.л. инстант кафе растворено во малку вода
  • ½ шоља црно чоколадо (или капки) за прелив
  • 1 с.л. кокосово масло, за топење на чоколадото за прелив

Инструкции

  • Ги ставате сите состојки во процесор за храна и ги мелете додека да добиете еднолична смеса налик лепливо тесто. 
  • Со раце формирате топчиња, ги редите на чинија и ги ставате во фрижидер да се стврднат.
  • (опционално) можете да ги полиете со стопено црно чоколадо

Вкупно парчиња: 20
(препорачана порција: 3 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:


* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка

[Поврзано] Таан карамел барови


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .