Marija Marija Marija

🍕 Протеинска пица од Наут и Чиа 🍕

пица од наут и чиа - Хедер
пица од Наут и Чиа

Од експерименти го издвојувам овој, зачудувачки вкусен и полн со протеини, диететски влакна, витамини и минерали – пица со брашно од наут и чиа семе. Јас направив две со различни топинзи и двете беа супер. Основите потребни состојки се вкупно 8, плус можете да си додадете зачини по желба.

Нема некој што не сака пица

И тоа е реалноста. Пица е едно прекрасно италијанско јадење и не велам дека не теба да ја јадеме, но, добро е од време на време да се замени класичното тесто со ова, или со некое од моите алтернативни растителни пици. На овој начин, освен што ќе внесете многу подобри и похранливи материи, ќе ја намалите количината на „празни калории“ и масти.

Богата со протеини

И здрава, и вкусна

За наутот веќе знаеме дека е еден од најдобрите извори на растителен протеин. Може да се консумира во многу форми и на различни начини и ова е еден од нив – како брашно во оваа пица од наут и чиа. За да го зголемите нивото на протеини, додадете тофу или сејтан, плус маслинки или авокадо за масти и доматен сос и зеленчук за јаглехидрати и влакна. Ете тоа е балансирана пица.

Јаглехидратите се добри за вас, но уштеподобро е кога оброкот преовладува со сите макронутриенти. Балансот ја игра клучната улога во се што правите, па така и во исхраната. Ибидете се да јадете балансирано, и верувајте тоа ќе ги даде најдобрите резултати. А, со самото тоа што сте тука и го читате текстов, сте еден чекор поблиску да ја пробате оваа пица или некоја од другите што ги имам објавено.

Доколку си љубител на пица, но сакаш да пробаш уште некоја поздрава опција, те охрабрувам да ја направиш мојата пица од наут и чиа уште денес. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍕 Протеинска пица од Наут и Чиа 🍕

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење15 minutes
Вкупно време20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • тавче и хартија за печење

Состојки

  • 120 гр Брашно од наут
  • 1 к.л. Прашок за печиво
  • 2 с.л. Чиа семе накиснето во 6 лажици вода
  • 1 с.л. Микс од семиња опционално
  • ½ к.л. Сол (по вкус) и останати зачини по вкус и желба
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • ¼ шоља Вода ќе се додава постепено

Инструкции

  • Најпрво закиснете го чиа семето и оставете го да набабри како желе.
  • Потоа во длабок сад измешајте ги сите состојки – водата додавајте ја постепено за да добиете мазно тесто коешто ќе можете со помош на силиконска шпатула (или со раце) да го поставите на тавче за печење обложено со хартија за печење (во сакана форма).
  • Печете 20тина минути во претходно загреана рерна на 170.
  • Внимателно свртете ја, наредете топинзи и допечете уште 10-тина минути (времето на печење зависи од рерната, така што погледнувајте ја од време на време).

Вкупно парчиња: 1 пица
(препорачана порција: 1)
Нутритивни вредности од порција (** без топинзи, само тесто):
Калории: 699,4 kcal
Протеини: 30,4 гр.
Јаглехидрати: 79,8 гр.
Масти: 29,8 гр.
Влакна: 21,2 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната.

[Можеби ќе ви се допадне] Сите пици


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .