Marija Marija Marija

🥕 Сирова торта од морков 🥕

Подготовката на оваа сирова торта од морков тргна од идејата да правам сериозна торта од морков со печење, на катови, со фростинг, со се комплет. Но потоа си реков „да бидеме релани, кој има толку многу време за спремање“ па ја направив оваа сирова торта, ја пресеков на коцки и НЕМАТЕ ПОИМ КОЛКУ СЕ ВКУСНИ!! Ова мора да биде нагласено! ПРЕВКУСНИ СЕ! Без размислување, ова е десерт што МОРАТЕ да го направите.

Сите состојки се целосни и добри за вас, и засладена е само со урми и јаворов сируп. Фростингот е кремаст и кадифен и буквално ви ја храни душата.

Инаку мојата сирова торта од морков ожете да ја декорирате по ваш избор со рендани моркови / рендан кокос / ореви / калинка / ливчиња бадем или да ја оставите без дополнителни декориации, секако е превкусна сама по себе!

Не сум сигурна колкумина веќе ја имаат направено и пробано мојата сирова торта од морков, но дефинитивно е еден од најзачувуваните рецепти на мојот инстаграм профил.

Доколку си еден од ретките што се уште ја нема пробано и направено мојата сирова торта од морков, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е многу вкусна и лесна за правење. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥕 Сирова торта од морков 🥕

Време на подготовка20 minutes
Време во замрзнувач3 hours
Вкупно време3 hours 20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна / блендер
  • тавче за печење / силиконска модла
  • хартија за печење не треба доколку користите силиконска модла

Состојки

База

  • шоља ореви непечени
  • ½ шоља кокос рендан
  • ¼ шоља бадемово брашно мелени бадеми
  • 1 к.л. цимет
  • 1 к.л. сушен ѓумбир во прав
  • ¼ к.л. морко оревче
  • ¼ к.л. сол
  • 2 к.л. кора од портокал или лимон
  • 1 с.л. ванила екстракт
  • шоља свеќи урми, без семка ако не се свежи, накиснете ги во топла вода, 10 минути
  • 1 шоља рендан морков

Фростинг

  • 1 шоља индиски ореви киснети во зовриена вода 15-20 минути, исцедени
  • ¾ шоља кокосово млеко / крем од конзерва, стоена во фрижидер
  • ¼ шоља кокосово масло растопено
  • 3-4 с.л. јаворов сируп
  • 1 с.л. ванила екстракт
  • 2 с.л. сок од портокал или лимон
  • прстофат сол

Инструкции

  • Додадете ги оревите, кокосот, бадемовото брашно, циметот, ѓумбирот, оревчето, солта и кората од лимон/портокал во процесор и пулсирајте додека да добиете смеса што се рони.
  • Додадете ги урмите и пулсирајте додека да добиете инкорпорирано, леприво тесто.
  • Додадете ги морковите и пулсирајте колку да се измешаат убаво.
  • Обложете тавче со хартија за печење и распоредете го тестото еднавко (притискајте со раце или силиконска шпатула). Ставете го во фрижидер за да се стегне.
  • Изблендајте ги сите состојки за фростингот на најјако (собирајте од страните на проецесорот) се додека не добиете кремаста смеса.
  • Истурете ја смесата врз базата и ставете во замрзнувач да се стегне.
  • Пред да сечете, ставете ја во фрижидер малку да се одмрзне.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

[Поврзано] Гранола од морков


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .