Marija Marija Marija

👩🏻‍🌾 Гранола “торта од морков” 👩🏻‍🌾

carrot-cake-granola-header

Оваа гранола од морков е трет вид на гранола што го правам и веќе сè потешко ми е да се одлучам која ми е омилена. Додека не ја направив чоколадната, бев „навлечена“ на таа од хељда. Па потоа, не прекинав да ја правам чоколадната. Е сега некако да ми преовлада овој вкус на „торта од морков“. Овошно-јаткаст и совршен! Изгледа дека додека не направам некоја нова гранола (а веќе имам една на ум) ќе бидам „навлечена на оваа“. Како и секоја друга гранола, МНОГУ лесно се прави, здрава е, вкусна и минимално природно засладена со само 2 лажици јаворов сируп на целата количина. Верувајте ми на зборот, МОРАТЕ да ја пробате!

Да ве потсетам дека консумирањето на домашна гранола има многу здравствени придобики а дел од нив се и:

  • Помага при слабеење,
  • Ја подобрува когнитивната активност
  • Го подобрува крвниот притисок,
  • Помага при превенција на анемија
  • Го намалува нивото на холестерол,
  • Го намалува високиот крвен притисок,
  • Помага во превенција на некои заболувања
  • Го подобува здравјето на дигестивниот тракт,

Секако, оваа гранола од морков можете да ја јадете како додаток на вашето смути, овесна каша, чиа пудинг или пудинг од ленено семе, со јогурт или растително млеко и свежо овошје. Можете дури и да ја ставите како додаток на палачинки.

Како и да решите да ја консумирате, нема да погрешите 😍

гранола од морков
Доколку се уште ја немаш пробано и направено оваа гранола од морков, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е превкусна и прелесна. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

👩🏻‍🌾 Гранола “торта од морков”👩🏻‍🌾

Време на подготовка6 minutes
Време на готвење24 minutes
Вкупно време30 minutes
Клучен збор: гранола, морков, појадок, ужина
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 1 шоља овесни снегулки
  • ½ шоља индиски ореви непечени
  • ½ шоља пекани / ореви
  • ½ шоља рендано јаболко
  • 1 шоља рендани моркови
  • 1 с.л. ванила екстракт
  • 1 к.л. цимет
  • 2 с.л. путер од лешник
  • 2 с.л. јаворов сируп
  • 1 с.л. кокосово масло стопено

Инструкции

  • Ја загревате рерната на 170 степени.
  • Ги мешате сите состојки во длабок сад, ги ставате на тавче за печење обложено со хартија за печење и печете 12 минути во претходно загреаната рерна.
  • Ја кршите и превртувате и ја печете уште 12 минути од другата страна.
  • Оставате добро да се излади и уште малку да се исуши и ја складирате во сад со капак.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 2 лажици)
Нутритивни вредности од порција:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .