Marija Marija Marija

🥣 Пудинг од Ленено семе 🥣

flaxseed-pudding-header

Чиа пудингот е популарен избор за појадок веќе неколку години, што е навистина супер. Го има да се купи како подготвен оброк скоро секаде со најразлични додатоци – свежо и смрзнато овошје, протеини, путери од јатки, чоколадни кремови… А лесно може да си го направите и дома. Но, доколку ја јадете често, и веќе ви е здосадена, еве една алтернатива – подеднакво брза и едноставна за правење и подеднакво здрава! Пудинг од ленено семе!

пудинг од ленено семе

Ленено vs. Чиа семе

И чиата и ленот се подеднакво нутритивно богати и двете семиња имаат големи здравствени бенефити (на пример поздраво срце, пониско ниво на шеќер во крвта итн.) Разликата е, секако, во типот (видот) и потеклото. Чиата потекнува од Мексико и Гватемала и била основа на исхраната на Маите и Ацтеките, додека лененото семе потекнува од Блискиот Исток. На вкус исто така се разликуваат – чиата нема некој посебен вкус, додека кај лененото семе има некоја јаткаста нота. И секако, разликата во нутритивната вредност. Додека и двете семиња содржат солидна количина на протеин и омега-3 масни киселини, сепак ленот содржи малку повеќе омега-3 и повеќе калиум. Чиата пак, има помалку калории и калциум и малку повеќе железо и фосфор.

Во секој случај, и двете семиња се многу здрави и помагаат за одржување на здраво срце, силни коски, добро варење на храната и одржување на шеќерот во крвта.

Лененото семе содржи повеќе растворливи влакна од Чиата, па поради тоа може да има поголема ефикасност во намалување на гладот и апетитот и се смета дека е поефикасен во борбата со одредени ракови.

Овој пудинг од ленено семе е супер опција за вашиот следен појадок, во комбинација со свежо или смрзнато овошје, путер од јатки или гранола.

Доколку се уште го немаш направено овој пудинг од ленено семе, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусен и лесен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥣 Пудинг од Ленено семе 🥣

Време на подготовка2 minutes
Време да отстои во фрижидер2 hours
Вкупно време2 hours 2 minutes
Клучен збор: десерт, лелено семе, појадок, пудинг, ужина
Calories: 333kcal
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 2 с.л. ленено семе мелено
  • 1 с.л. чиа семе опционално, може и со 3 лажици лен
  • ½ шоља растително млеко
  • ½ с.л. ванила екстракт опционално
  • ½ с.л. јаворов сируп или друг засладувач – опционално
  • ½ к.л. цимет опционално
  • 1 дозерка вегански протеин опционално

Инструкции

  • Се меле лененото семе и заедно со лиа семето се става во тегла.
  • Се додаваат останатите состојки и млекото и убаво се меша додека смесата да се згусне. Доколку е многу густа (ако користите протеин) додадете уште малку млеко.
  • Затворете ја теглата и оставете во фрижидер да отстои неколку часа, или преку ноќ.
  • Послужете со боровница (или овошје по вкус), гранола или путер од јатки.

Вкупно парчиња: 1
(препорачана порција: 1 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории (само пудингот, без овошје и путери): 153,5
Протеин (доколку не користите протеин во прав): 7,2 гр.
Јаглехидрати: 35,5 гр.
Масти: 10,7 гр.
Диететкси влакна: 5,5 гр.
Омега-3, Железо, Калциум, Калиум, Витамин Б6, Рибофлавин,

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .