Marija Marija Marija

Што треба да знаете за здрава и сјајна кожа

Здрава и сјајна кожа – посредник помеѓу внатрешноста и надворешноста

Да се има здрава и сјајна кожа е повеќе од важно бидејжи кожата е еден од најзначајните штитови на телото! Кожата е создадена од повеќе слоеви. Горните слоеви се изградени од мртви клетки исполнети со протеинот кератин (од што се изградени ноктите и косата), додека внатрешните слоеви се живи, постојано се делат, и создаваат нови слоеви секој ден. Кожата (којашто патем зафаќа најголема поврѓина во нашето тело) има повеќе функции.

Пред сè, кожата овозможува заштита на внатрешните органи во телото. Па така, дебелите слоеви на кератин под надворешен притисок стануваат уште подебели (ако постојано одиме боси, кожата реагира на тој начин што создава дебел и цврст слој на кератин на стапалата). Кожата, исто така, овозможува ладење на телото – преку потењето. Слојот од масти под кожата нè штити од настинки. Еластичноста на кожата го овозможува истегнувањето при движење. Но, еластичноста се намалува со годините и со намалена хидрација. Функцијата што кожата ја има е неверојатно значајна и поради тоа е многу важно соодветно да се грижиме за неа.

здрава и сјајна кожа

7 најважни нутритиенти за здрава и сјајна кожа и каде да ги најдете

fruit-rainbow
1. Витамин Ц

Нормалната кожа содржи големо количество на витамин Ц, којшто поддржува многу значајни функции како што се стимулација на синтеза на колаген и антиоксидантска заштита од УВ зраци. Храна богата со витамин Ц: лимон, јагоди, киви, портокали, спанаќ, кељ, брокула, пиперки, зелка, авокадо, боровинки, сладок компир, морков.

2. Витамин А

И горниот и долните слоеви на кожата имаат потреба од витамин А. Овој витамин штити од штетата што сончевите зраци можат да ја предизвикаат, како на пример прекин во процесот што го разградува колагенот. Иако е антиоксидант и ја има оваа заштитна моќ, сепак не е ефикасен како кремите за сончање! Храна богата со витамин А: морков, кељ, спанаќ, диња, манго, брокула, праска, тиква, аспарагус.

loaded-sweet-potato
3. Витамин Е

Витаминот Е, како и витаминот А е антиоксиданс и помага во заштитата од штетните УВ зраци. Исто така, може да ја заштити кожата од штетното влијание на слободните радикали. Храна богата со витамин Е: авокадо, брокула, спанаќ, кељ, сладок компир, бадеми.

4. Цинк

Помага при регенерација на кожата по повреда, ги одржува ѕидовите на клетките стабилни и допринесува во делбата и растот на клетките. Храна богата со цинк: суви смокви, банана, урми, авокадо, малини, јагоди, диња, спанаќ, блитва, аспарагус, брокула, печурки, тиквичка, семки од тиква, сусам.

5. Селен 

Им помага на одредени антиоксиданси (како витамин А и Ц) при заштита на кожата од штетните УВ здраци. Храна богата со селен: бразилски орев, малини, спанаќ, брокула, аспарагус, печурки, овес, урми, банани, манго, киви, диња, суви смокви, сладок компир.

* Интересен е фактот дека некои од нутритиентите, како на пример селенот, што го има во рибата се „блокира“ од страна на живата од водата. Рибите исто така содржат и многу други токсини како на пример микропластики. Всушност, рибите сами по себе, природно немаат омега-3, туку се хранат со храна што има Омега-3 – како што се алгите.

6. Омега 3 масни киселини

Омега 3 масните киселини ја подобруваат заштитната функција на кожата, ја одржуваат влажноста и се борат со надворешните влијанија и иритации. Храна богата со Омега-3: авокадо, чиа семе, семе од коноп, ленено семе, семки од тиква, ореви, прокељ, листест зеленчук, бобинки, алги*.

7. Силициум диоксид

Силициумот им помага на клетките да носат и до 20% повеќе кислород, а исто така и помага на кожата да остане хидрирана. Храна богата со силициум: домати, краставица, целер, пиперки, коприва.

здрава и сјајна кожа

Како да се грижите за да имате здрава и сјајна кожа

Како и за остатокот од телото, така и за кожата, најдобрата грижа е природната. Правило број 1 за здрава кожа е хидратација. Хидрирајте го телото: пијте колку што може повеќе вода (ова е важно и за дигестијата (варењето на храната), не само за кожата). Но и консумирајте храна богата со вода (како лубеница, диња, краставици…). Правило број 2 за здрава кожа е правилната, балансирана исхрана. Внимавајте на храната: консумирајте храна со многу витамин Ц, витамин А и витамин Е. Селенот, цинкот и Омега 3 масните киселини се исто така многу важни за здравјето на кожата. Освен преку храна, добро е да суплементирате селен и цинк. Правило број 3 за здрава кожа е употреба на креми за заштита од сонце. Секогаш, без исклучок, користете креми со заштитен фактор. Сончевите УВ зраци се многу штетни и можат да доведат до оштетување на кожата – па дури и рак.

Што можеме да заклучиме

Кожата е најцврстиот штит, но и посредник помеѓу внатрешните органи и надворешните влијанија. Колку подобро се грижиме за кожата, толку подобро таа ќе ги извршува своите функции (коишто се навистина многубројни). Најважните чекори за здрава, сјајна и еластична кожа се постојана хидратација (консумирање многу вода, и храна богата со вода), соодветна исхрана (консумирање на храна богата со витамин А, витамин Е, витамин Ц, цинк, селен, омега-3 и силициум) како и користење на креми со заштитен фактор против УВ зраци. Во најдобрите храни за здрава кожа се вбројуваат: бобинките, јаболките, портокалите, брокулата, спанаќот, морковот, слаткиот компир, лимонот, доматите итн.

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .