Marija Marija Marija

🍜 Паста во сос од Карфиол 🍜

Паста во сос од Карфиол - Хедер

Fellow pasta lovers – оваа паста во сос од карфиол е за вас! А всушност, мислам дека нема некој што не сака паста, нели? Овој сос е толку вкусен и кремаст, што нема да ви се верува дека во основа е само зеленчук. Плус, ова е супер начин да внесете дури 7 зеленчуци (Секако, можете и повеќе) а притоа, доколку имате пребирливи јадачи, тоа вооптшо и да не го приметат. Можете да додадете и тофу, темпе или друг извор на протеин но и вака, само со нутритивнен квасец имате мала протеинска вредност и, секако, вкус на сирење.

Кремаст и кадифен а со малку калории

Карфиолот, заедно со тиквичката и зелката се еден од оние зеленчуци што колку повеќе ги јадете – толку подобро. Можете да го готвите на 1001 начин, и секој пат добивате ново и многу вкусно јадење со многу малку калроии. Карфиолот на 100 грама има само 25 калории а многу витамини и минерали

Паста во сос од Карфиол
Паста во сос од Карфиол

Инаку карфиолот е богат со Б-витамини, но исто така и со антиоксиданси и фитонутриенти кои можат да го подобрат општото здравје. Содржи и растителни влакна, кои го подобруваат варењето на храната, холин кој е од суштинско значење за меморијата и многу други важни хранливи материи. Амалата количина на калории помага во слабеењето

Како да ја направите оваа паста во сос од Карфиол

Сосот се прави многу лесно – целиот рецепт иначинот на подготовка го имате подолу во овој пост и кај мене на инстаграм во reels, но овде ќе ви објаснам на кратко. Всушност сосот има само 6 состојки: карфиол, кромид, лук, сенф, растително млеко и нутритивен квасец. Густината ја регулирате со водата во којашто ќе ги варите тестенините.

Плус, подгответе зеленчуци (колку повеќе, толку подобро) а можете да додадете и печурки или протеин.

Јас најчесто ги комбинирам со грашок, морков, млад кромид, прокељ и/или спанаќ.

За подобар баланс, препорачувам да користите тестенини од леќа или киноа. Доколку немате, тогаш обидете се пастата да биде од цели зрна.

Брзо, лесно и здраво!

Оваа паста во сос од карфиол ги исполнува сите услови за вашиот следен оброк – се прави релативно едноставно и брзо, полна е со зеленчук, здрава е и многу вкусна.

✨ Чекам да ја пробате!

Паста во сос од Карфиол
Доколку си љубител на паста сосови, тогаш дефинитивно треба да ја пробаш оваа паста во сос од карфиол. Многу е кремаста и навистина вкусна, плус има малку калории а многу витамини и минерали. Полна е со зеленчук и е супер начин како да внесете повеќе зеленчук во вашиот оброк. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍜 Паста во сос од Карфиол 🍜

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење40 minutes
Вкупно време45 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • 1 тавче за пачење обложено со хартија за печење или фолија
  • 2 тенџериња едно за тестенините, едно за зеленчукот

Состојки

Сос

  • ¾ Карфиол исечкан
  • 1 Црвен кромид
  • 1 Гравица лук
  • 1 с.л. Димена пипер
  • 2 к.л. Куркума
  • 1 к.л. Зеленчуков зачин
  • 1 к.л. Сол
  • ½ шоља Млеко од соја
  • 2 с.л. Нутритивен квасец
  • 1 с.л. Сенф
  • 1 с.л. Маслиново

Паста и зеленчук

  • 3 Моркови ситно исецкани
  • 3 Млади кромитчиња ситно исецкани
  • ½ шоља Грашок
  • 1 шоља Прокељ (или зеленчук по желба)
  • 1 к.л. Сол
  • 1 с.л. Маслиново
  • 200 гр. Паста по желба

Инструкции

  • Исечкајте го карфиолот, и ставете го во подлабок сад заедно со зачините. Промешајте и оставете да се маринира.
  • Исецкајте го кромидот на четвртини. Лукот грубо излупете го – но не ги вадете лушпите комплетно.
  • Обложете тавче за печење со хартија за печење или фолија и ставете го карфиолот, кромидот и лукот и ставете ги да се печат, 30тина минути во претходно загреана рерна на 170.
  • Во тенџерето кадешто ќе ги варите тестенините ставете го грашокот да се вари.
  • Во посебно тенџере издинстајте го младиот кромид, морковот и прокељот (или зеленчукот што ќе го корисите) додека да омекнат. Можете да ги динстате на маслиново или на вода.
  • Откако карфиолот кромидот и лукот ќе се испечат, во блендер ставете половина од карфиолот заедно со кромидот и лукот, којшто ќе го извадите од лушпите.
  • Додадете ги останатите состојки за сосот и изблендајте додека да добиете кремаст сос. Доколку е густ, ставете му малку од водата во која се варат грашокот и тестенините.
  • Тестетнините ги варите во водата со грашокот согласно потребното време за варење.
  • Во тенџерето кадешто го динстате зеленчукот, додадете го карфиолот што го сочувавте и сосот.
  • Додадете ги тестенините и грашокот и промешајте.
  • Откако сосот ќе се згусне е готов за послужување.

Вкупно парчиња: 2 порции
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 455,5 kcal.
Протеини: 19,95 гр.
Јаглехидрати: 51,65 гр.
Масти: 27,4 гр.
Влакна: 15,16 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .