Marija Marija Marija

🌰 Брзи Фереро бомбици 🌰

брзи фереро бомбици - Хедер

Овие брзи фереро бомбици се многу поедноставна и побрза варијанта од мојата фереро торта. Не дека тортата не е супер (затоа што е) туку овие бомбици се прават за 5 минути а вкусот е прилично сличен. Богати, чоколадни и крцкави, овие брзи фереро бомбици дефинитивно ќе ви ја дадат потребната енергија, ќе ве заблажат и се многу подобра опција од готовиот купечки десерт. Не дека се ниско калорични, напротив. Неколку пати сум рекла дека и здравата храна е калорична, но едноставно направени се од целосна и непреработена храна, немаат вештачки шеќер и немаат стабилизатори, емулгароти, бои и ароми.

Напротив, имаат само 5 состојки и се прават за 5 минути. Кога ќе ги јадете зависи од тоа колку време сакате да ги зацврстите во фрижидер, а колку време ќе ги јадете зависи од вашата самоконтрола.

Мое е да ве потсетам, бидете умерени! Вкусни се, но една бомбица има 92 калории, па доколку внимавате на дневниот внес, овој факт не смеете да го занемарите.

Брзи Фереро бомбици
Брзи Фереро бомбици

Брзи фереро бомбици готови за 5 минути

Потребен ви е блендер за да ги сомелете сите состојки – 1 минута. Вешти раце за формирање топчиња – 4 минути. Секако, не мора да брзате и да рушите рекорди во правење, ама супер се за на пример ако дојдат ненајавени гости или ако ви се пријаде благо а немате ништо готово. Јас ги прелив со стопено црно чоколадо и кршени лешници, секако овој чекор е опционален, но го препорачувам.

Овие брзи фереро бомбици се за сите љубители на познатиот десерт - во малку поздрава и домашна варијанта.  Те охрабрувам да ги направиш, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🌰 Брзи Фереро бомбици 🌰

Време на подготовка5 minutes
Ладење1 hour
Вкупно време1 hour 5 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • Процесор за храна или блендер

Состојки

Бомбици

  • 1 шоља Лешници, непечени
  • 1 шоља Урми, без семка накиснати во врела вода 10 минути
  • 1 с.л. Путер од лешник
  • 1 с.л. Какао
  • 1 с.л. Ванила екстракт

Прелив

  • шоља Црно чоколадо
  • 1 к.л. Кокосово масло
  • шоља Лешници, непечени издробени или исецкани

Инструкции

  • Ги ставате состојките за бомбиците во блендер или процесор за храна додека да добиете еднолична смеса.
  • Формирате бомбици и ги ставате во ладилник да се стврднат.
  • Го топите чоколадото со кокосовото масло и во стопеното чоколадо ги ставате исечканите лешници.
  • Ги поливате бомбиците и повротно ги враќате. вофрижидер да се стегнат.

Вкупно парчиња: 16 бомбици
(препорачана порција: 2 бомбици)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 184,25 kcal
Протеини: 3,7 гр.
Јаглехидрати: 14,23 гр.
Масти: 13,
8 гр.
Влакна: 4,4 гр.
Антиоксиданси, магнезиум
, калиум, железо

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .