1 тавче за пачење обложено со хартија за печење или фолија
2 тенџериња едно за тестенините, едно за зеленчукот
Ingredients
Сос
¾Карфиолисечкан
1Црвен кромид
1Гравица лук
1с.л.Димена пипер
2к.л.Куркума
1к.л.Зеленчуков зачин
1к.л.Сол
½шољаМлеко од соја
2с.л.Нутритивен квасец
1с.л.Сенф
1с.л.Маслиново
Паста и зеленчук
3Морковиситно исецкани
3Млади кромитчињаситно исецкани
½шољаГрашок
1шољаПрокељ (или зеленчук по желба)
1к.л.Сол
1с.л.Маслиново
200гр.Паста по желба
Instructions
Исечкајте го карфиолот, и ставете го во подлабок сад заедно со зачините. Промешајте и оставете да се маринира.
Исецкајте го кромидот на четвртини. Лукот грубо излупете го - но не ги вадете лушпите комплетно.
Обложете тавче за печење со хартија за печење или фолија и ставете го карфиолот, кромидот и лукот и ставете ги да се печат, 30тина минути во претходно загреана рерна на 170.
Во тенџерето кадешто ќе ги варите тестенините ставете го грашокот да се вари.
Во посебно тенџере издинстајте го младиот кромид, морковот и прокељот (или зеленчукот што ќе го корисите) додека да омекнат. Можете да ги динстате на маслиново или на вода.
Откако карфиолот кромидот и лукот ќе се испечат, во блендер ставете половина од карфиолот заедно со кромидот и лукот, којшто ќе го извадите од лушпите.
Додадете ги останатите состојки за сосот и изблендајте додека да добиете кремаст сос. Доколку е густ, ставете му малку од водата во која се варат грашокот и тестенините.
Тестетнините ги варите во водата со грашокот согласно потребното време за варење.
Во тенџерето кадешто го динстате зеленчукот, додадете го карфиолот што го сочувавте и сосот.