Прво и најважно - не морате да загревате рерна. Јас го печев со постепеното загревање. на рерната.
Ги ставате сите семки и тегавецот (псилиумот) во длабок сад и добро ги промешувате.
Го додавате маслиновото и потоа и водата. Водата додавајте ја постепено - прво една шоља па потоа постепено по четвртина шоља (јас ставив вкупно две шољи).
Мешате додека се соедини се во голема топка.
Го покривате садот со фолија и го ставате во фрижидер, неколку саати, или најдобро преку ноќ.
Пред да го печете, го оставате на собна темература еден час.
Ја истурате смесата (тестото) во калап за леб обложен со хартија за печење и печете на 170°C околу 75 минути.