Marija Marija Marija

🍊 Колач со портокал и брусница 🍊

колач со портокал и брусница - Хедер

Овој колач со портокал и брусница прв пат го правев во Декември, некаде околу новогодишните и божиќните празници, кога и го објавив на мојот инстаграм профил. Нови фотографии немам, и не планирам да имам, овие многу ми се допаѓаат. Новогодишни се и се дел од посебна категорија кадешто има само новогодишни рецепти. Овој колач со портокал и брусница е прв во низата, бидејќи е толку воздушест и мек и преубав на вкус. Плус нели, вегански, без глутен и од здрави состојки.

А, кога за некои рецепти велам дека мора да ги направите, навистина го мислам тоа. Сметам дека вредат да се пробаат, затоа што вкусовите толку убаво одат заедно, што би било штета да не успеете да ги пробате. Овој колач е еден од тие рецепти. Портокалот е совршен вкус за новогодишно печење – целиот дом мириса преубаво, а брусницата уште повеќе го надополнува вкусот.

Плус, вкусот го збогатува и кокосовиот крем што го ставив како глазура од горе. Секако, не мора да го правите, но навистина МНОГУ убаво одговара во целава комбинација. За појадок или ужина со кафе и чај во студени зимски денови е број еден комбинација. Но, верувам дека е подеднакво вкусен и на пролетно сонце! 😍

колач со портокал и брусница
Доколку се уште го немаш пробано овој колач со портокал и брусница, еве прилика да го направиш! Те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍊 Колач со портокал и брусница 🍊

Време на подготовка25 minutes
Време на готвење45 minutes
За глазурата15 minutes
Вкупно време1 hour 25 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • миксер
  • сад за мешање
  • тавче за печење / силиконска модла
  • хартија за печење

Состојки

За колаче (течни состојки):

  • 1 ленени јајца 2 лажици мелено ленено семе растворено во 5 лажици вода
  • 1 шоља кокосово млеко не од конзерва
  • 1 к.л. ванила екстракт
  • ¼ шоља пире од јаболко
  • 1 с.л. јаболков оцет
  • 1 с.л. сок од портокал

За колаче (суви состојки):

  • ¾ шоља кокосов шеќер
  • 3 шољи овесни снегулки сомелени во брашно
  • 1 к.л. прашок за печиво
  • ½ к.л. сода бикарбона
  • ½ к.л. сол
  • кора од 1 портокал
  • 1 шоља брусница

За глазура крем (опционално):

  • ½ шоља кокосов путер растопен
  • 2 с.л. јаворов сируп
  • ½ к.л. ванила екстракт
  • ¼ шоља топла вода
  • ¼ шоља сок од портокал
  • кора од 1 портокал

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 170 и направете го лененото јајце.
  • Згуснастиот лен промешајте го заедно со останатите течни состојки додека да се соединат.
  • Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, додадете ги течните состојки и мешајте за да добиете тесто.
  • Откако сè ќе се соедини, додадете ја брусницата и нежно промешајте.
  • Истурете ја смесата во тавче за печење обложено со хартија за печење и печете 40-45 минути..
  • Проверете со чепкалка дали е испечено – доколку чепкалката излезе сва, готово е.
  • Оставете целосно да се излади пред да го намачкате со кремот и да го исечете.
  • за да ја направите глазурата во миксер матете ги состојките.
  • Смесата ќе биде густа и доколку сакате да добиете потечна текстура, разводнувајте со постепено додавање од топлата вода.
  • Чувајте го во фриидер, во сад со капак.

Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .