Овој хумус од цвекло ги има истите придобивки како обичниот, плус витамин Б9. Хумусот инаку, е превкусен намаз што потекнува од блискиот Исток. Најчесто се прави од наут (леблебија), маслиново масло, таан, лимон и зачини. Но, поради бројните здравствени придобивки, а и поради тоа што варијациите толку лесно се прават, хумус веќе се прави од се и сешто – со едноставно надополнување на базичните состојки. Најчеста варијација, веројатно поради јаката розова боја – е токму овој хумус од цвекло. Го имам објавено и на мојот инстаграм профил, ама за полесно снаоѓање, го објавувам и овде.
Еве и неколку причини зошто е хумусот добар и зошто треба да го јадете:
💖 Нутритивно е богат со многу витамини и минерали и е одличен извор на растителен протеин;
💚 Цвеклото, наутот, маслиновото и сусамот имаат докажано анти-инфламаторско дејство;
❤️ Одличен извор е на диететски влакна, коишто можат да го подобрат дигестивниот систем;
💛 Има низок гликемиски индекс, плус цвеклото го зголемува нивото азотен оксид со што се контролита нивото на шеќер во крвта;
💙 Нивото на нитрати во цвеклото, плус наутот и маслиновото, можат да го намалот ризиокт од срцеви заболувања;
💜 Одличен извор е на диететски влакна и протеин, што подолго ќе ве држат сити и може да ви помогне во намалување (или одржување) на тежината.
Инаку, хумусот се прави многу брзо и лесно и се што ви треба е блендер или процесор за храна. Верувам дека ќе ви користи и дека ќе си го направите, бидејќи е преубав. Плус е основа за еден друг рецепт…
Доколку се уште го немаш пробано овој хумус од цвекло, еве прилика да го направиш! Те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🧄 Хумус од цвекло 🧄
Oпрема
- блендер / процесор за храна
Состојки
- 1 големо цвекло печено
- ¾ шоља наут од конзерва
- сок + кора од 1 лимон
- 2 месечинки лук
- 2 с.л. таан полни
- ¼ шоља маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Инструкции
- Сите состојки се ставаат во блендер или процесор за храна и се блендаат додека да се добие еднолична смеса.
- Се става во сад и се послужува.
- Се чува во фрижидер, најдобро во тегличка или сад со капак.
Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .