Marija Marija Marija

🍪 Брзи колачиња од урми 🍪

date-cookies-header

Од добро познатите факти за мене, издвојувам дека: МНОГУ сакам путер од кикирики, урми и брзи и едноставни рецепти. Ако нешто мразам е да помимнувам часови во кујна и затоа се трудам се што правам да е брзо и едноставно. Такви се и овие колачиња од урми! А за вкусот не можам да објаснам, мора да ги пробате сами. Уште еднаш, многу сум среќна што постојат crux.mk затоа што мислам дека немам пробано повкусен путер од кикирики 😍

колачиња од урми

Инаку, овие колачиња од урми се еден од најзачувуваните рецепти на мојот инстаграм профил – и разбирнливо, навистина се многу лесни за правење и многу многу вкусни (и многу поздрави до кој било купечки десерт или колаче!).

Урмите верувале или не се неверојатен извор на антиоксиданси. Ја подобруваат дигестијата, работата на мозокот, го контролираатнивото на шеќер во крвта, ги зајакнуваат коските, помагаат при несоница, ја подобруваат работата на срцето. Нивото на  витамин Ц и витамин Д што го содржат помага во одржувањето на еластичноста на кожата (и ја прават мазна). Толку многу моќ, во толку мало пакување 😍

Путерот од кикирики содржи омега 6 масни киселини и помага во борбата со лошиот ЛДЛ холестерол. Содржи добра количина на протеини, магнезиум, фосфор, цинк, ниацин и витамин Б6.

Значи овие колачиња не само што се десерт, туку се и лек 😆 Шала на страна, и покрај здравите компоненти, сепак и урмите и путерот од кикирики и овесот се калорични, така што препорачувам умерено консумирање.

Доколку се уште ги немаш пробано овие прелесни и пребрзи колачиња, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍪 Брзи колачиња од урми 🍪

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење10 minutes
Вкупно време15 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер / процесор
  • тавче за печење
  • хартија за печење

Состојки

  • 1 шоља овесно брашно
  • ½ шоља путер од кикирики
  • 1 шоља урми без семка
  • 1 с.л. ванила екстракт

Инструкции

  • Измешајте (или изблендајте) ги сите состојки заедно додека да добиете лепливо тесто.
  • Направете топчиња, ставете ги на тавче за печење обложено со хартија за печење, притиснете ги (со чаша или рака) за да добиете колачиња.
  • Печете ги во претходно загреана рерна на 170, 10 минути.
  • Оставете ги да се оладат и полијте ги со стопено црно чоколадо (опционално, но препорачливо)

Вкупно парчиња: 15
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 196,8 kcal
Протеини: 6,62 гр.
Јаглехидрати: 24,8 гр.
Масти: 9,42 гр.
Влакна: 3,73 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
**** Доколку не го правите двослојно, изоставете го какаото, или пак, доколку го правите сосем чоколадно, додајте го и какаото во сувите состојки
***** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте го да не ви загори или пак да не случајно не е добро испечено

[Поврзано] Љубовни колачиња


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .