Marija Marija Marija

🍲 Каша од Хељда 🍲

Брза, лесна, здрава и вкусна

Оваа каша од хељда е вашата нова овесна каша за појадок. Воедно, ова е уште еден начин да внесете хељда во вашата дневна исхрана. Инаку, веќе имам објавено неколку рецепти со хељда и за појадок и за ручек. Со уште еден рецепт, изборот од ден во ден ви се зголемува. Сè што треба да направите е да го пронајдете вкусот и начинот на подготовка на хељдата. Одберете ја опцијата што најмногу ви се допаѓа и што најлесно можете да ја инкорпорирате во вашата секојдневна исхрана.

Инаку оваа каша е толку брза, лесна и едноставна за правење, што е неверојатно. Плус, нутритивно многу богата и многу вкусна, што едноставно нема логика да не ја направите. А доколку ова не беа доволно причини за да ја пробате оваа хаша од хељда, можам да додадам и дека лесно можете да го адаптирате вкусот, со тоа што ќе ставате различни додатоци.

каша од хељда
каша од хељда

Бесконечно многу варијации

Како и со останатите каши, така и оваа каша од хељда лесно се прилагодува и нејзиниот краен вкус ќе зависи од додатоците што ќе ги ставите.

Јас секој пат ја правам различно, но, мислам дека комбинацијата со јагоди и боровници ми е најосвежителна и највкусна – особено во пролет и лето.

Инаку, можете да ја направите и со рендано јаболко, мелено ленено семе и цимет, но мене лично ова ми е некако повеќе есенска комбинација.

Следен пат ќе пробам да ја направам со какао, црно чоколадо и путер од лешници. Мислам дека ќе добијам чоколаден „нутела“ вкус. Доколку ја пробате оваа варијанта пред мене, оставете ми коментар каква е.

Три главни состојки

Сем хељдата, што е секако во главната улога, јас секогаш ставам банана и 2 урми – за да добијам блажина на кашата. Секако, може да додадете дозерка протеин па дури и растително млеко, доколку ви се потребни повеќе калории. Послужете ја со лажица кокосов или бадемов јогурт, коскос или семе од коноп и свежо овошје.

Доколку се уште ја немаш пробано и направено мојата каша од хељда, стани и накисни си хељда за утре. Те охрабрувам, бидејќи се прави за 5 минути и е многу здрава. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍲 Каша од Хељда 🍲

Време на подготовка5 minutes
Киснење на хељда8 hours
Вкупно време8 hours 5 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер

Состојки

  • шоља Хељда исплакнета и накиснета преку ноќ
  • 1 Зрела банана помала
  • 2 Урми без семка
  • 1 с.л. Ванила екстракт
  • ½ шоља Јагоди
  • шоља Боровници
  • 1 дозерка Протеин опционално
  • ½ шоља Вода

Инструкции

  • Убаво исплакнете ја и накиснете ја хељдата преку ноќ.
  • Следното утро, ставете ги сите состојки во блендер и блендајте додека да добиете еднолична смеса. Толку.
  • Декорирајте по желба. Некои идеи за да ја послужите оваа каша: кокосов јогурт; семе коноп; свежи јагоди; гранола; мелено ленено семе…
  • Од состојките се прават 2 порции.

Вкупно порции: 2
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 374,8 kcal.
Протеини: 5,22 гр.
Јаглехидрати: 25,28 гр.
Масти: 31,01 гр.
Влакна: 10,69 гр.
Антиоксиданси, магнезиум
, калиум, железо

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .