Marija Marija Marija

🫘Хранлива чорба од наут 🫘

чорба од наут - хедер

Многу сум среќна кога ја дополнувам категоријата супи и чорби со вакви прекрасни, нутритивни и „новокомпонирани“ чорбички како оваа хранлива чорба од наут. Всушност, оваа чорба повеќе спаѓа во категорија „манџички“ но да не навлегуваме во технички детаљи, сите оброци слични на оваа ќе ги најдете заедно со супите и чорбите.

Зошто наут?

Наутот е вид на мешункаст зеленчук којшто спаѓа во исто семејство како и гравот и кикириките. Наутот е познат под повеќе „псевдоними“ како „гарбанзо грав“, „бенгалски грам“, „египетски грашок“ или едноставно – леблебија (кога е во печена форма). Вкусот му е јаткаст, а структурата кремаста. Карактеристично за наутот е што е една од мешунките со доста голем процент на растителен протеин. Но, сепак, наутот е најпознат по тоа што е клучната состојка во хумусот.

Сите придобивки од наутот

Го контролира нивото на шеќер во крвта

Наутот една моќна мешунка којашто помага при контрола на шеќерот во крвта, поради нискиот гликемиски индекс. Ова значи дека телото полека го апсорбира и вари, што помага да се задржи шеќерот во крвта и инсулинот да не се зголеми пребрзо. Ова го прави наутот погоден за дијабетичари.

Помага во варењето

Поради тоа што е богат со диететски влакна (особено растворливи), добрите бактерии во цревата лесно го разградуваат, па дебелото црево може полека да го вари. Плус, јадењето повеќе наут може да помогне да за полесно и поредовно празнење на дебелото црево.

Може да помогнат во намалувањето на холестеролот.

Нутот може да го намали вкупниот холестерол и пред се LDL („лошиот“) холестерол. Ова го намалува ризикот од срцеви заболувања.

чорба од наут

Ова се секако, само дел од придобивките на наутот. Мојата хранлива чорба од наут е збогатена и со целер, но за целерот мислам дека е добро да напишам засебен пост. Во меѓувреме, направете си ја чорбава за следниот ручек, нема да погрешите.

Доколку си љубител на супи и чорби а се уште ја немаш направено оваа хранлива чорба од наут, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е многу здрава, многу хранлива и многу вкусна. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🫘 Хранлива чорба од наут 🫘

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 1 конзерва Наут исцеден (водата сочувајте ја)
  • 3 Моркови поголеми, исечени на тркалца
  • 1 Црвен кромид ситно исецкан
  • 3 Дршки целер исецкан
  • 1 Домат изрендан или ситно исецкан
  • 1 Зеленчукова коцка за супа растворена
  • 1 Шака макарони од леќа/пченка
  • 2 с.л. Маслиново масло
  • зачини по желба јас користев димена црвена пипер, сол, бибер, копар

Инструкции

  • Во поголемо тенџере на оган ставете го маслиовото масло, кромидот, морковите и целерот. Гответе додека да оменат, на среден оган.
  • Исцедете го наутот (по желба можете и да го излупите) и водата сочувајте ја во тегличка.
  • Откако ќе омекне зеленчукот ддадете го наутот и оставете да. се готви уште малку.
  • Додадете го доматот и зачините и убаво промешајте.
  • Додадете ја растворената супа и макароните и оставете да се вари 10/15-тина минути.
  • По желба, послужете со свеж магдонос.

Вкупно порции: 3
(препорачана порција: 1 чинија)
Нутритивни вредности од порција:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка 

‼️ Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .