Marija Marija Marija

🍄 Густа и кремаста супа од печурки 🍄

mushroom-soup-header

Многу сакам супи и чорби и се трудам да ги правам често и секогаш со различни комбинации. Иако оваа не е комбинација, туку едноставна и класична густа и кремаста супа од печурки, сепак вкусот е толку кадифен и нежен. Печурките имаат многу малку калории а се многу богати со растителни влакна, антиоксиданси и протеини. Го штитат организмот од различни заболувања а исто така се и добар извор на Селен. Супава инаку се прави многу лесно и ве уверувам дека добро ќе ви дојде во комбинација со многу свежа салата во следниот ручек. 

Секако дека оваа кремаста супа од печурки ја правам со додавање на мојата веганска павлака од индиски ореви со лук! Пред сè, затоа што е едноставно најдобра а и затоа што максимално го збогатува вкусот на оваа чорба (а и на многу други).

Инаку и на мојот инстаграм профил а и овде на сајтот имам објавено многу рецепти за супи, чорби и манџи. Секако, една по една сите ќе го најдат своето место и овде на сајтов. Се надевам дека ќе ги направите затоа што и останатите, како и оваа, се вкусни и се прават многу брзо и лесно!

Доколку си љубител на густи супи а се уште ја немаш направено оваа густа и кремаста супа од печурки, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина кремаста и вкусна. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍄 Густа и кремаста супа од печурки 🍄

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење15 minutes
Вкупно време25 minutes
Клучен збор: печурки, ручек, супа, чорба
Порции: 3
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 500 гр. свежи, бели шампињони
  • 1 кромид
  • зачини по желба и вкус (сол, бибер, лук во прав, копар)
  • 3 с.л. бело вино (може и помалку, потребно е само за “шмек”)
  • 1 коцка зеленчукова супа направена според упатството
  • 1 с.л. густин (хишесте) полна лажица
  • 3 с.л. павлака од индиски ореви

Инструкции

  • Пропржете го кромидот на маслиново или вода додека да омекне.
  • Додадете ги печурките и зачините, па белото вино и добро промешајте. Потребно е целата течност што печурките ќе ја пуштат + алкохолот од виното да испари па да ја додадете супата од коцка (растворена според упатството).
  • Оставете малку да се вари. Потоа, додајте малку густин и сосем на крај павлаката од индиски ореви.
  • Послужете со малку пропржени печурки (без масло на нелепливо тавче) за дополнителен крцкав момент.

Вкупно порции: 3
(препорачана порција: 1 чинија)
Нутритивни вредности од порција:

* с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .