Marija Marija Marija

🍶 Домашна веганска павлака (со лук) 🍶

#healthyveganninja #healthyveganeatz #veganrecipes #veganfoodspot #veganfoodie #veganlove #vegantreats #veganinspiration #veganfoodlovers #vegandesserts-sour-cream-header

Бидејќи оваа веганска павлака ми е додаток во повеќето ручеци (и макала и салати), редно беше да објавам како ја правам (прелесно, се разбира) прво на мојот инстаграм профил а сега и овде! Ја правам за 5 минути, потоа си ја ставaм во тегличка и си ја чувам во фрижидер. Зошто? Затоа што после станува ѕаѕики, сос за чорби, дресинг за салати итн. Многу е вкусна (доколку не сте љубител на лук, можете слободно да го изоставите, иако јас топло го препорачувам) и вреди да си ја направите и да си ја имате дома.

А сега малку за индиските ореви како главна состојка во оваа веганска павлака… Индиските ореви имаат мало количество на шеќер но големо количество диететски влакна. Исто така, содржат масти добри за срцето како и растителен протеин. Одличен извор се на магнезиум, манган и бакар – нутритиенти важни за производство на енергија, за здравјето на мозокот, коските и добар имунитет.

А за лукот не знам дали има потреба да се зборува. Уште од дамнешни времиња се смета за лек од многу болести. Го зајакнува имунитетот, спречува срцеви заболувања, го регулира крвниот притисок и шеќерот во крвта. Се користи како лек против настинка поради неговото анти-инфламаторско дејство. Го подобрува здравјето на коските, го намалува нивото на холестерол и прави детокс… Епа, имајќи го се ова на ум, мислам дека нема да сакате да го изоставите лукчето во павлакава, нели?

Доколку се уште ја немаш пробано оваа веганска павлака, еве прилика да си ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина превкусна и прелесна за правење. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍶 Домашна веганска павлака (со лук) 🍶

Време на подготовка5 minutes
Време за киснење на индиските ореви20 minutes
Вкупно време25 minutes
Клучен збор: индиски ореви, павлака, сосови
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 1 шоља индиски ореви, непечени накиснети во зовриена вода 20 мин.
  • 1 шоља вода
  • 2 с.л. сок од лимон
  • 2 месечинки лукче опционално, но препорачано
  • прстофат сол

Инструкции

  • Ставете ги индиските ореви во врела вода да киснат 20 минути.
  • Откако ќе омекнат индиските, ставете ги сите состојки во блендер или процесор и блендајте додека да добиете течна смеса.
  • Ставете ја павлаката во тегличка и во фрижидер (смесата ќе се згусне во фрижидер).
  • Можете да ја јадете така, или како додаток во некои од вашите омилени рецепти, салати и главни јадења.

Вкупно парчиња: 1
(препорачана порција: 1 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .